Фудбал

Најјакиот гол со глава на сите времиња

Не е дело на Бироф, Рамос или некој друг специјалист за игра со глава, туку на дечки од италијанската Серија Б кои успеаа да му дадат малку драж на најдосадниот спорт со бришење прашиња.

50 дена после откриен рак, заигра во финале и го крена пехарот во ЛШ

Откако гледаме фудбал, не се сеќаваме друг играч да се појавил на терен толку брзо после таква операција, да освои Лига на шампиони и да ја добие капитенската лента за да го подигне прв пехарот.

Што може да очекува Јувентус од Суарез, старо железо или врвно засилување

Сагата со Меси го привлече целото внимание на себе, иако Аргентинецот не е единствен играч на Барселона кој летово беше и уште е под знак прашалник. Каталонија сигурно ја напушта шпицот кој одбележа една ера на „Камп Ноу“.

Со Даглас Коста нема играње мајтап

Бразилецот беше струја во Шахтјор, па во Баерн, а исто и во Јуве. Секогаш и секаде реагира брзо.

Дете ама тебе изгледа не ти се брани за ПСЖ?

Бранителот на титулата во Франција, со пораз ја почна новата сезона која почна со публика, а одлучувачки беше потегот на 20 годишниот Пољак Марцин Булка кој им подари една топка на фудбалерите на Ленс за конечни 1:0.

Роналдо му даде казнена на Жоао Феликс за слаб прием

Двајцата го предводат пеколниот напад на Португалија. Роналдо е 15 години постар, има 35, Феликс 20, па знае понекогаш да му удри една заушка како постар брат. Особено ако направи слаб потег.

Кина тешко дека скоро видела таков еврогол

Шангај Ист Азија е еден од најдобрите клубови во Кина, во составот ги имаат Хулк, Марко Арнаутовиќ и Рикардо Лопез. Денес го победија Џингдао Хуангаи со 2-1, ама запазете го голот што за гостите го даде францускиот напаѓач Роман Алесандрини.

Какво финале беше ова меѓу Лацио и Интер, 7 гола паднаа

Ќе речеш Супер куп е, не толку вреден трофеј, ама погледне ги овие имиња, навивачкото ехо, емоциите на коментаторот. Супер интересно дерби од супер возбудливи времиња за италијанскиот фудбал. Хајлајтс со многу драж.

Голманот пајак што фати два пенали

Интер Мајами е нов прволигаш во МЛС американската лига. Еден од сопствениците е Дејвид Бекам. Клубот слабо ја тргна сезоната, имаат учинок 2-2-6. Синоќа победија против Атланта Јунајтед 2-1 благодарение на голманот Луис Роблес кој одбрани 2 пенали. Првиот беше поништен па се изведе втор, Роблес му го фати и тој на Езекјел Барко.

Од 17 месеци кошмар до херојски кам бек во селекцијата на Италија

Навивачите на Јуве го паметат од трофејните денови со Липи, а лондончани како нивен славен играч, но и тренер. Сега е повторно заедно со неговиот стар пријател Манчини, посреќен од било кога, што воопшто може да стои и да ја пее националната химна.

Славен Билиќ искрено за големиот Јирген Клоп

Хрватот ретко дава интервјуа, ама кога збори искрен е до болка. За најдобриот германски тренер вика: „Фраерот може знаеше да погреши две години па да се извади со трансфери, ама е јако харизматичен, страшно е интелигентен. Го вади најдоброто од играчите“.

Ќе се зборува на генерации каков шпиц беше Г.О.Б

Аргентинецот беше синоним за врвен центарфор, прав голгетер, шпиц сидраш кој ги тероризираше голманите со лева, со десна, со глава, од слободен удар, од пенали, буквално секако. Носталгичарите со посебна драж се сеќаваат на него.

Што му прави Конте на играч со лоши навики?

Тиери Анри му прави интервју на Антонио Конте кој во неговата прва сезона во англискиот фудбал освои титула во Премиер лигата со Челси во сезоната 2016/2017. Италијанскиот стратег има краток фитиљ.

Гол во Лига Европа каков што ретко се гледа

Иако неочекувано поведе со 0-1 во 34' минута, радоста на Жељезничар од Сараево во квалификациите за Лига Европа кратко траеше. Макаби Хаифа израмни со страшниот гол на 10-та Тјарон Чери, а до крајот победи со 3-1 и се пласираше во следна рунда.

Ваков зицер се дава со заврзани очи, особено кога гледаат скаути

За време на пријателската меѓу нисколигашот Салфорд и Ман. Јунајтед У21, домашниот играч Момуду Турај промаши нешто што се дава и на сон. На крајот клинците на Јунајтед победија со 0-6.

Голацо на Андрес Иниестра и Итурбе

Не, не ни е вишок буквата “Р“, бидејќи овој не е Андрес Иниеста, туку Андрес Иниестра и е Мексиканец. Вториот пак е Парагваецот Хуан Итурбе, кој играше за Рома. Настапуваат за мексиканскиот клуб Пумас кој славеше на гости 1:2, со две ремек дела.

Како Бартез ги реметеше пеналџиите

Валдерама беше препознатлив по тоа што имаше коса како за тројца, а Бартез држеше имиџ како Колина. Еј каква будателинка беше кога требаше да му шутираат пенал. Ќе ги изнервира до таа мера да промашат.

Уште се зборува за голот на Порто

Ако треба да се избере гол на сезоната, ама во пост корона периодот по долгата пауза без фудбал, тоа дефинитивно треба да биде оваа убавина на Порто. После таа закржлавеност дома, момците на Серџо Консеисао кои ја освоија титулата, во претпоследното коло одржаа лекција по тимски фудбал.

Во секој случај подобро од турска серија

Шампионот на Турција, Истанбул Башакшехир ќе игра во групната фаза од Лига на шампиони. Летово купија неколку засилувања, а последното, некогашниот бек на Манчестер Јунајтед и Лион, Бразилецот Рафаел го претставија на баш бофал начин. Демек асоцијација со Рафаел од цртаниот „Нинџа желки“.

Роналдо со силни комплименти за Дејан Кулушевски

Со два сјајни гола против Шведска на „Френдс Арена“ во Стокхолм, Кристијано Роналдо стигна до 100. и 101. гол во националниот дрес. После мечот бил расположен да зборува на разни теми а најинспиративен бил кога го прашале за Дејан Кулушевски.

Занимливи совпаѓања на мечот Франција - Хрватска со финалето на Светско 2018

После две кола во Лига на нации, Франција има 6 бода по триумфите над Шведска (0:1) и синоќа над Хрватска (4:2). Натпреварот во Париз по неколку нешта се совпаѓа со финалето на овие две селекции на Мундијалот во Русија.

Првиот Европеец во историјата со повеќе од 100 гола за својата земја

Кристијано Роналдо не играше на отворањето на новото издание на Лига на нации против Хрватска (4:1) поради мала повреда и неизвесно беше дали ќе игра против Шведска во второто коло на гости. На крајот дојде, виде, сам ги победи и си замина.

Еден мајсторски и еден чуден гол на Белгија - Исланд

Селекцијата на Белгија го наполни Исланд со 5:1 на синоќешните средби во Лига на нации, а најголемо внимание привлекоа погодоците на Батчуаји и Фридјонсон.