Фудбал

Еврогол на Елнени со топовски удар

Арсенал со супер 6/6 ја заврши групата во Лига Европа и со 18 бода оди во нокаут фаза. „Топџиите“ славеа 2:4 против ирски Дандалк а момент на мечот беше вториот гол за Арсенал кој го даде Мохамед Елнени.

Од местач до херој на Италија кој ги победи Аргентина со Марадона и Бразил со Зико и Сократес

Италија го оплакува Паоло Роси, една од најголемите мундијалски легенди кој со 6 гола го покори светот и ја израдува својата нација со светска титула по пауза од 44 години. „Загубивме пријател и икона на италијански фудбал“, пишуваат на чизмата.

Продолжува симпатичната дружба на Биелса со кутриот преведувач

Марсело Биелса има 65 години и богата кариера зад него. Во родната Аргентина го сакаат како татко, му посветија и стадион, а сега предава фудбал во Англија.

Врвната реклама со берберот и Паоло Роси, легендата на Италија

Во Бразил фудбалот е на ниво на религија. Навивачите на бразилската репрезентација памтат 3 најболни моменти во животот. Мараканацо, кога Уругвај ги добива после пресврт среде Бразил во финале на Светско првенство, дебаклот 1:7 од Германија и поразот од Италија 3:2 во група на Мундијал 1982 кога Паоло Роси постигнал хет-трик.

Клоп после Мидтјиланд: „Судија батали ВАР, студено е на терен смрзнавме“

Последниот меч од групната фаза на Лига на шампиони, Ливерпул го играше во Данска и тоа како сигурен патник во нокаут фазата. Мидтјиланд веќе ги изгуби сите шанси за пласман па играа само за престиж.

Кај се продава бе ваков играч

Барселона не е таква како што ја гледате само поради жарот кој недостасува во играта на Лео Меси. Управата направи кардинална грешка што го оставија во напад без другарчето со кој дробеа заедно. Само едно мало потсетување што чудесија од гол даде лани ова време. Да, кандидат е за гол на годината.

Заклетва на денот

Роберт надмина еден од пороците како пречка за градење фудбалска кариера, што не е алкохол. Барем така вети пред сите.

И во Норвешка како во Кратово, со една мала разлика

Временските услови во ова доба од годината не секаде се идеални за фудбал. Особено не на крајниот север од Европа, во Норвешка каде попладнево еден меч од втора лига меѓу Јерв и Асане се прекинал по само 1 минута игра поради апокалиптично намокрен терен од дожд. Играчите и судиите се повлекле, па настапија машините.

А како па се осеќа Милан во моментов?

Го прашале Тео Хернандез што мисли од позиција на лидер во Серија А без пораз, за успехот на Интер сезонава во Лига на шампиони, а тој одговорил:

Шпанија не го признава Косово и не сака да игра со нив во група

Кога се вели дека во спортот не треба да се меша политика, се заборава дека политиката има големо влијание на спортот, посебно на фудбалот. Особено меѓународната политика.

Ранг листата на ФИФА годинава и не ни е толку битна кога имаме Европско во ракав

Светската куќа на фудбалот го објави последното рангирање за оваа година, која ние ќе ја паметиме не по тоа кои сме на табела, туку до каде успеавме да стигнеме.

Конте безобразно со новинарка и со господинот Фабио Капело

Антонио Конте ниту со еден тим не поминал подалеку од четвртфинале во Лига на шампиони (Јувентус, Челси, Интер). На последните 15 меча во ЛШ, победил само на 3 а општата статистика во Европа му е: 12 победи, 11 нерешени и 11 порази.

Радоста на фудбалерите на Борусија кога во Милано свирнаа крај

Разврската во групата Б во ЛШ синоќа заврши со драматичен крај како ретко кога. Веројатно многумина очекуваа дека во Мадрид нема да биде реми и Интер како фаворит ќе го совлада Шахтјор и ќе се пласира во топ 16. Но работите излегоа обратно.

Ромелу Лукаку или Ромелу Глупаку?

Интер имаше зицер. Да победи дома против Шахтјор Доњецк и да чека Реал да ја совлада Борусија Менхенгладбах. И во Мадрид домаќинот глатко си води 2-0, а во 89' минута на „Џузепе Меаца“ Алексис Санчез со глава гаѓа кон голот на гостите, ама Лукаку на погрешно место во погрешно време.

Реал оди понатаму, Интер не оди ни во Лига Европа

Фудбалерите на Реал Мадрид и покрај двата порази од Шахтјор Доњецк во групата, успеа вечерва победи и да се пласира во следна рунда каде одат уште и Атлетико, Борусија Менхенгладбах, Порто, Сити, Баерн, но не и Интер.

Хет-трик на Нејмар со еврогол

ПСЖ и Башакшехир вечерва го доиграа прекинатиот меч. Почнаа од 14' минута а веќе во 21-ва Нејмар го отвори резултатот со мајсторски гол. Бразилецот постигна 3 гола, Мбапе 2 и Парижаните одат во нокаут фаза од групата од која испадна Манчестер Јунајтед.

Во меѓувреме одиме во Кратово

Македонската репрезентација да ја гледаш и да уживаш, македонската лига НЕ. Ако некој странски медиум реши да прави сторија за дебитантот на ЕП 2020, нека ни го рипне домашното првенство. Тој дел не ни е за во јавност.

Кратовскиот Џон Тери

Во 16. коло од македонската Прва лига, Силекс и Струга Трим Љум играа фудбал на натопен терен поради обилните врнежи во Кратово. Домаќинот доби пенал во 27' минута кој го промаши Денис Ристов - Рики, откако се лизна при шутот и топката отиде високо над голот.

Темната страна на судијата кој со еден збор направи хаос во Лига на шампиони

Себастијан Колцеску, романскиот судија кој на „Парк на принцовите“ во Париз стана најголем негативец на колото во Лига на шампиони, имал чудно минато.

Од клупата на Башакшехир: Во мојата земја Романците се цигани

Турско романската серија во Париз крена голема прашина, а на ова тишинава без навивачи човек сè и сешто ќе чуе од терен и лесно може да донесе погрешен суд. За малку ќе имавме втор расистички испад од истиот меч, но овој пат од спротивната страна, па ќе беше големата и за тие што кренаа бунт.

Конфликт во Аталанта, Гасперини и Папу Гомез со тепачка ја нарушиле атмосферата

Според информациите од Италија, на мечот со Мидтјиланд во Бергамо на 1. декември, лидерот на Аталанта Папу Гомез не слушал некои совети од тренерот Гасперини, по што овој го извадил на полувреме. Наводно се степале во соблекувалната.

Како изгледаше средбата на старите другари

Во првото коло од групата, Меси и Роналдо не се сретнаа во Торино зошто Португалецот пропушти неколку натпревари поради позитивен тест.Ова беше прва нивна средба после цели 2 години (Роналдо во 2018-та замина од Реал Мадрид). Двајцата се најдобри стрелци во историјата на Лига на шампиони.

Епската реакција на Сабеља, кога Игуаин промаши зицер

На 66 годишна возраст поради проблеми со здравјето, синоќа почина поранешниот аргентински селектор Алехандро Сабеља. Ги водеше Гаучосите во периодот од 2011-та до 2014-та и на Мундијалот во Бразил ги однесе во финале по пауза од 24 години кое го загубија од Германија со гол во 113-та минута.

Луда скриена камера за Пандев, го продаваат во Индија

Капитенот на македонската репрезентација бил исплашен дека клубот решил да го продаде во Индија, а целата ујдурма му ја сместиле соиграчот и добар другар Доменико Кришито и менаџерот на Пандев, Леонардо Корси.