Ова што си го замислуваме во насловот е уствари идеја на две дами, која ја шири на Фејсбук колегата Филе, а се испирирани од јаката реклама на Скопско во која главен протагонист е Атанас Костовски.
И да, потегот би бил крајно шизички и тоа би било голема чест и за нив и за репрезентацијата, а за нас гледачите ќеиф за сите пари.
Коментираа светски и европски првенства од лице место, олимпијади и уште ред други големи спортски манифестации, но заминаа во пензија и не го дочекаа на коментаторско столче историскиот миг на фудбалерите.
Барем првата да им ја дадат, тројцата по 30 минути. Па тоа се снима бре и се чува во компјутер и бекап се прави од фајлот.
Ах колку би било магично и безценето, пазете Таско, Калински и Михајлов со своите препознатливи гласови на дебито на Македонија на Европско да го имаат она: Почитувани гледачи, Македонија стигна на величестениот фудбалски полигон...
И како што е редот, да се потсетиме на легендарното коментаторско трио:
Македонија - Словенија 1:4 со Атанас Костовски
Англија - Македонија 2:2 со Зоран Михајлов
Македонија - Шпанија 2:3 со Златко Калински