Холандскиот ас Руд Гулит (препознатлив на времето по суканиците и плетенките на косата) направи блескава кариера. Почнал во холандскиот Харлем па преку Феенорд (освоени титула и Куп) и ПСВ (2 титули) доаѓа во моќниот Милан.
Со росонерите од Милано Руд Гулит освои: 3 скудета, 2 Суперкупа на Италија, 2 КЕШ (Лига на шампиони), УЕФА Супер Куп, Интернационален Куп. Стана и европски шампион со Холандија (1988).
Од времето поминато во Милан кое беше можеби најславно во клупската историја, Руд Гулит раскажува една анегдота со строгиот и принципиелен тренер Ариго Саки кој знаел и да ги праќа кај што не треба.
„Ајде, дај раскажи ни“, му вели водителот а Руд Гулит свесен дека има и безобразни работи во анегдотата почнува срамежливо:
„На времето Саки (тренерот на Милан, Ариго) секогаш после утакмиците влегуваше, доаѓаше кај тушевите. Секогаш се исмеваше, види го колкацко му е, види колкав му е, знаеш, машки муабети... А мојот италијански во тоа време уште беше многу лош. Ми дојади постојано да влегува под тушеви и да кажува гачки, па еднаш му се свртев и со просечен италијански му реков:
„Мистер, си бил еден маж со алат долг 2 метри. Не можел да прави ништо и бил многу тажен.
Отишол кај еден хирург и му рекол: „Скрати ми го“. И овој рекол добро, ќе направиме вака, можам да ти скратам метар и седумесет и пет сантиметри, ќе биде кратка интервенција и да се надеваме ќе биде добро. После еден ден се враќа кај хирургот со шампањско и му вика треба да прославиме зошто ме направи најсреќен човек на светот! И така се запиле, па пациентот го прашува хирургот: „Докторе, ми скрати метар и седумдесет и пет. Што бидна со нив? А овој му одговара: „Ништо посебно, му ставив фризура и сега е тренер на Милан“, раскажува Руд Гулит и вели дека цела соблекувална прснала од смеење само Малдини го погледнал замрзнато: „Што збориш човече дали озбилно му го кажа ова“?
А Саки ме гледа бесен и вика: No Respect! No Respect!“
Ho provato di sottotitolare una storia pazzesca che Ruud Gullit ha raccontato su Arrico Sacchi, al podcast Warming Up di @HumbertoTan. @DiMarzio @carlogarganese pic.twitter.com/GGObdYQGwz
— Mustafa Marghadi (@mousmar) June 10, 2021