Како што е познато, внатрешно политичката и социјална ситуација во Белгија е условена претежно од сложените федеративни поделби на провинциите и јазичните разлики.
Во Белгија има три официјални јазици: холандски, француски и германски - раселени во четири јазични зони: Фламанците живеат во Фландрија, франкофоните во Валонија, и едни и други има во Бриселскиот регион, германско-јазичните Белгијци ги населуваат општините во источниот дел и провинцијата Лиеж и чудно, културолошки се поблиски до франкофоните отколку до Фламанците.
Фламанците зборуваат на холандски јазик и на негови дијалекти. Во земјата ги има околу 60%.
Валонците се франкофонска заедница односно франкојазичен дел од белгиското општество. Ги има околу 40% во Белгија.
Германско-јазични жители нема повеќе од 72.000 или помалку од 1% од населението на Белгија.
Но невозможно е стриктно да се подели населението меѓу исклучителни Фламанци и Валонци. Белгијците поседуваат карактеристики на една нација задржувајќи ги притоа елементите на јазичен и културолошки идентитет.
Мнозинството Фламанци знаат француски јазик, а за разлика од нив Валонците не љубат многу да учат холандски јазик. Паралелно со разликите во образованието во разни провинции е и со културолошките разлики.
Холанѓаните и Фламанците совршено владеат со неколку јазици, а Валонците се блиски со огромната франко-јазична кулутра и за мнозинството од нив нема смисла да се учи не баш лесниот холандски јазик. Но има и такви кои го знаат одлично како на пример Торган Азар кој за разлика од брат му Еден, совршено знае холандски.
Двојазични Белгијци од најрана возраст е ретка појава. Тоа е животна желба за државните власти, секој жител совршено да зборува и рамноправно да користи и француски и холандски јазик. Ова го можат Дрис Мертенс, Марк Вилмотс, Тибо Куртоа...
Интересен феномен во белгиското општество е што на пример Франкофон може да совлада холандски совршено, како Торган, но никогаш нема да успее да прозбори на неверојатниот западно-фламански дијалект кој многу се разликува од обичниот холандски јазик. На тој дијалект можеле да се разберат на пример Јан Вертонген и Весли Сонк.
Грешка би направиле и ако етничката припадност на Белгијците ја проценувате според презимето. Иако презимињата од типот на Куртоа и Мињоле може да значат и чисто валонски корени на семејството, тоа не значи дека францускиот јазик им е прв јазик во Белгија.
Мињоле и Куртоа се Фламанци, иако голманот на Реал Мадрид Тибо целата своја младост и рана кариера ја поминал во фламански Генк а потекнува и од двојазично семејство.
Обратен пример е Даниел Ван Бујтен. Иако звучи на класично холандско презиме, стоперот зборува подобро германски отколку холандски. Тој потекнуа од 100% франкофонско семејство.
Традиционално фудбалската лига на Белгија е претставена од повеќе фламански клубови зошто Фламанците отсекогаш биле мнозинство (грбот на Фландрија долу)
Најпознати фламански клубови во Беглија се: Бриж, Серкл Бриж, Антверпен, Остенде, Бершот, Генк, Гент, Мехелен, Ѕулте Варегем, Ауд Хеверле Левен, Кортрајк, Сент Труден, Васланд Беверен. Вкупно 13 најпознати.
ВАЛОНИЈА (грб на Валонците)
Валонија отсекогаш имала помалку клубови од кои најпознати се Стандард Лиеж, Шарлоа и Мускрон.
Грбот на германско-јазичното население во Белгија:
Германско-јазичните општини се претставени од клубот Ејпен, а во грбот на Бриселскиот регион лесно ќе ги пронајдете и боите на најтрофејниот и најпознат клуб од Белгија - Андерлехт:
КАКО Е ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА?
Пред да се запознаеме со состојбата во белгиската фудбалска репрезентација важно е да се напомене дека во секој момент главен јазик во соблекувалната е англискиот. За удобна комуникација кога неколку луѓе доаѓаат од разни говорни подрачја, селекторот Мартинез кој инаку е Шпанец решил сите да зборуваат англиски.
Со тоа што поставија селектор-странец Белгијците успешно избегнаа јазична и културна сепарација која што порано ја имало во репрезентацијата. Дури и кога Белгија со голем успех ја тренираше Марк Вилмотс кој е еден од ретките двојазични селектори, тренинг процесот бил двојазичен, се зборувало и холандски и француски.
На својот Твитер профил тогашниот селектор Вилмотс им честиташе на своите играчи на два јазици со цел некој да не се почуствува навреден и сето тоа изгледаше чудно и бирократски.
ДА ПРОБАМЕ ДА ГИ РАСПРЕДЕЛИМЕ ФЛАМАНЦИТЕ И ВАЛОНЦИТЕ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА БЕЛГИЈА
За стриктно да се определи припадност кон одредена заедница на потомците на Белгијците и потомците на мигрантите од други земји кои ги има многу во репрезентацијата, треба да се обрне внимание на културолошката позадина, местото на раѓање и нивото на познавање јазици.
Прилично е лесно да се препознае не-мајчин холандски јазик кај Валонец на поголема возраст како и што може да се познае Фаламанец кој совршено зборува француски но за време на некое тв шоу или интервју не сфаќа некои типични француски шеги или вицови.
ФЛАМАНЦИ:
ВАЛОНЦИ:
Торган Азар, помладиот брат на лидерот на Белгија Еден Азар, го научил холандскиот јазик совршено за разлика од фудбалерот на Реал Мадрид кој ден-денес многу лошо зборува холандски.
Томас Мение, десниот бек разбира холандски ама многу слабо го зборува. Тимоти Кастање, ѕвездата на овој летен преоден рок скоро и никогаш јавно да не прозборувал холандски.
Аксел Витсел како и Тиери Анри има предци од карибскиот остров Мартиник кој со векови бил под француско влијание. Аксел е роден во Лиеж и е прав Валонец.
ЛЕГИОНЕРИТЕ (ВАЛОНСКО И ФЛАМАНСКО ПОТЕКЛО)
ВАЛОНЦИ
Франкофонски легионер е најчесто наследник на дојденците од ДР Конго од второ или трето поколение. Ова е резултат на колонијалната активност на Белгија во Африка.
Мичи Батшуаи, Денајер и Кристијан Бентеке се воспитани во валонска култура.
Меѓу првите франкофонски Конгоанци кои играа за репрезентацијата на Белгија беа браќата Мбо и Емил Мпенза, центарфори од крајот на ’90-те и почетокот на ’2000-те години. Подоцна се појаци и Габи Мудингаји, а сите овие фудбалери не знаеле ни збор холандски.
Џејсон Денајер кој по се изгледа ќе биде главен стопер на „Црвените ѓаволи“ на претстојното Европско има татко Белгиец од валонско потекло и мајка од ДР Конго.
ФЛАМАНЦИ
Наследник на мигранти од африканските земји и претставник на холандско јазично подрачје е Насер Шадли. Тој совршено ги зборува и холандски и француски јазик но најголем дел од кариерата во младоста помина во Холандија (Твенте).
Караско е на пола Шпанец, ги знае добро сите јазици но нивото на холандски јазик не убедува во тоа дека неговиот културолошки дискурс во семејството е фламански.
Мајката на Јури Тилеманс е од Конго а татко му е Фламанец.
Предците на Лукаку одамна живееле во Белгија. И Ромелу и Џордан влечат кон холандски јазик а Ромелу фантастично зборува и италијански и англиски јазик.
Најважно од се е да се напомене дека ваквата распределба е сосема произволна и дека за Белгијците нивната етничка припадност не е нешто посебно, себе се доживуваат како дел од белгиска нација, а културните и јазичните разлики се третираат како безначајни секојдневни околности.
Нивното потекло и јазик на кој зборуваат се нивна семејна работа и ништо повеќе. Ако на Белгијанец директно му поставите прашање: дали си Фламанец или Валонец, тој ќе ви одговори но бидете спремни да се соочите со негова блага збунка зошто воопшто вас ве интересираат такви глупости. Јас сум Белгијанец и тоа е тоа.