Екселот за ЕП 2020

Почнаа да стигнуваат прашањата „Екселот кога ќе го дадете?“, а ние тука не смееме да кикснеме, бидејќи тоа ни стана традиција на секои две години откако ни постои сајтот. Бујрум момци и девојки, еден ден порано.

11 јуни - 11 јули е периодот во кој освен што ќе гледате Европско и ќе го долепите албумот Панини, ја имате и занимацијата со вашиот омилен ексел.

Го објавуваме на секое Европско и Светско првенство, така што знаеме дека концептот ви е скроз јасен.

За оние кои го користат прв пат, значи треба само да го симнете и да ги внесувате резултатите, толку, а потоа тој сам пресметува кој на кое место ќе биде на табела, кој оди во нокаут фаза, па сè до шампион.

Никој не ви брани и две копии да симнете и да почнете уште денес да го пополнувате и да предвидувате резултати.

Клик врз фајлот euro2021.xlsx

10 јуни 2021 - 11:44