Фудбал

Гоче кога ќе ја одигра во напад, одиграна е

Златни 3 бода за Џенова во битката за опстанок која победува само втор пат сезонава. Кам бекот на Балардини на клупа му се посреќи на гости против Специја која ја совладаа со пресврт 1:2. Пандев украде топка, тргна соло и му ја даде на тацна на Дестро за 1:1, а Кришито во второ ја реши од пенал.

Пипо и резервите ќе кркаат блачко на клупа

Удинезе сo ептен домаќински гест во пресрет на католички Божиќ. Вечерва го пречекуваат Беневенто и тоа со панетоне, италијански колач кој традиционално се дарува за големиот христијански празник. Ништо чудно кога ќе седнат и по едно еспресо да им донесат.

644 пати Меси

Неговиот подвиг е недостижен, барем во скоро време и за да успее некој да го повтори треба да дава во просек по 43 гола, ама 15 сезони по ред за еден ист клуб. Ете тоа е границата која ја постави овој чудесен фудбалер.

Алаба од Баерн правел и печел колачи за деца во домови

Католичкиот Божиќ е сè поблизу, а за стоперот на Баерн Минхен тоа е посебно време од годината кога најмногу им помага на ранливите категории.

Сусо се отвори и ја освои Местаља

Пред спортската среда, вечерва имаме фудбалско загревање во Шпанија каде во центарот на вниманието е Сусо. Севиља повлече брза контра, а поранешниот член на Милан го постигна голот на колото за 3 бода освоени на 10 минути до крај.

Како охридски коментатор одлепува на хет-трик

Рандом видео од Охрид, ама не од оние кога знае да се погоди коментатор кој аут и гол ги доживува на ист начин. Гори го грлото царе, така треба, не се гледа секој ден хет-трик на Клечкаровски. 

Најнеобичниот судија - Шпанецот Лаоз кој ги прашува играчите за коли и барови

Наместо строги, ригидни судии со кои не можат да разменат ни добар ни лош збор, Матеу Лаоз важи за арбитар со кого играчите може да продискутираат за временска прогноза, за отворени кафулиња или за автоделови.

Рекордно најбрзи голови во топ европските лиги

Во неделата паднаа неколку експресно брзи погодоци. Леао од Милан постигна гол после само 6,76 секунди игра, а Мектоминеј за 3 минути даде 2 за Јунајтед. Кои се рекордите?

Мали, ти дише мозокот тебе а?

Со високо крената нога, отворен ѓон и право во лице и тоа со залет. Игра во бразилскиот фудбал У-17 и ако има правда таму треба и да заврши и да се префрли во ринг.

Сите 643 гола на Меси за Барселона во едно видео

Со погодокот со глава против Валенсија, Лионел стана најдобриот стрелец за еден клуб во историјата на фудбалот. Аргентинецот дал 643 гола за Барселона и го надмина Пеле кој имаше 642 за Сантос.

Авио летови со CR7 Airlines

Во саботата Јувентус со 0:4 ја победи Парма, а Кристијано Роналдо уште еднаш докажа дека возраста е само илузија. Португалецот постигна два гола од кои едниот со глава после небесен скок.

Ретка мајсторија во втора шпанска лига, гол точно од пола терен

Еспањол сигурно чекори кон експресно враќање во Примера. Во втората лига по 19 кола имаат 13 победи, 3 нерешени и 3 порази со гол разлика 30:9. Синоќа победија 2-1 против Алмерија а првиот гол од двата кои ги даде Раул Де Томас сигурно ќе конкурира за гол на сезоната.

Туку го видовте ли голот на Домагој Вида за Бешикташ?

Со неколку добри резултати, Бешикташ фати приклучок кон самиот врв во турската Супер лига. Во неделата со 4-0 го совладаа Бујукшехир Ерзурумспор. Претпоследниот погодок на мечот го даде хрватскиот стопер Домагој Вида. Голиште!

Рекордот на Скот Мектонимеј, 2 гола за 3 минути

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед веќе навикнаа на кам-бек на секој втор меч кога први примаа гол, ама синоќа против Лидс Јунајтед до врв му ја наполнија мрежата на противникот со четири гола уште во прво полувреме а два после само 3 минути.

Леао од Милан го постигна најбрзиот гол во историјата на Серија А

Фудбалерите на Милан продолжија со победите , а на мечот со Сасуоло го постигнаа и најбрзиот гол во историјата на Серија А.

„Еден гол може да смени кариера, а мене ми смени живот“ - легендарниот Паоло Роси

Италијанците ги обожуваа Барези, Баџо, Малдини, Тоти и Неста, но посебна љубов гаеле кон легендарниот центарфор кој од затвор отиде на Мундијал и како најдобар играч се врати со злато во татковината.

Ни Солскјер не е цвеќе, знае да викне

Синоќа Манчестер Јунајтед го победи Шефилд Јунајтед на гости со 2:3 и ја продолжи неверојатната серија од 10 гостински триумфи по ред. Во еден момент Оле Гунар Солскјер, кој има прекар бејби фејс, влезе во силна расправија со домашниот тренер Крис Вајлдер поради реакција за фаул.

Чудесниот Полјак ја доби наградата за најдобар фудбалер на планетата

Оваа година ФИФА не ја доделуваше наградата „Златна топка“, туку се реши за признанието „Best“ во избор на капитените и селекторите на сите репрезентации во светот. Во најсилна конкуренција, Левандовски ги победи Роналдо и Меси.

ФИФА го прогласи најубавиот гол за 2020

ФИФА синоќа додели неколку важни награди за 2020-та година, Роберт Левандовски го доби признанието за најдобар играч на годината, а Кореецот Сон од Тотенхем за најубав погодок во изминатите 12 месеци.

Бомба од нигде никаде на Мален од ПСВ

Во втората рунда на холандскиот Куп, додека Ајакс и Утрехт испишаа историја со резултат 5:4, ПСВ на гости го победи Де Грашфап 1:2. Вториот гол на гостите од Ајндховен беше по страшен шут на Донјел Мален во 84' минута.

Мурињо го закачна Клоп и отвори потенцијална војна со Ливерпул

Ливерпул и Тотенхем го одиграа најинтересниот меч од почетокот на англиската Премиер лига. Жозе Мурињо го обвинуваат дека повторно паркирал автобус пред својот гол, но тој тврди дека синоќа победил послабиот тим.

На мечот Ајакс - Утрехт паднаа 9 гола, Тадиќ ја реши со голчиште

Во Купот на Холандија, Ајакс го победи Утрехт 5:4 со феноменален гол на капитенот Душан Тадиќ. Ваков натпревар со волку голови не се памети скоро ни во холандскиот фудбал кој е познат по 7+.

Потегот на Мората за кој се смее пола Европа

Јувентус синоќа одново пропушти шанса да се приближи до врвот откако ремизираше 1-1 со Аталанта во Торино. Кристијано Роналдо утна пенал, а Алваро Мората ја направи глупоста на колото при резултат 0-0. Пирло после мечот рекол дека не победиле поради таа глупост на Шпанецот.

Ненормални ножички на Халер од Вест Хем, кандидат за гол на сезоната

Вест Хем и Кристал Палас одиграа 1-1 во 13. коло од Премиер лигата. Гостите поведоа преку Бентеке во 34' минута, а Себастијан Халер во 55' минута постигна неверојатен гол кој уште многу долго ќе се врти по најавните шпици.