Фудбал

Убав гол на Алиоски против Њукасл во Премиер лига

Момците на генерал Марсело Бјелса после три месеци победија дома на „Еланд Роуд“ во Премиер лигата, откако вечерва го прегазија Њукасл со 5:2. Нашиот репрезентативец Езџан Алиоски одигра цел натпревар и го постигна четвртиот гол по една страшна „бјелсовска“ контра.

Во Борнмут не царува другарство

Борнмут игра сјајна сезона во Чемпионшип и после 19 кола е лидер со 10 победи, 7 нерешени и само 2 порази. Дадоа 35 гола, ама на некои играчи и тоа не им е доволно. На мечот против Виком еден со друг се фатија Жуниор Станислас и Сем Стариџ, па ги двоеа.

На кого му треба Џон Стонс кога го имаш Џонстон

Манчестер Сити имаше 26 шута од кои 7 во рамки на голот. Изведе 13 корнери и имаше преку 5 стопостотни шанси. Пеп Гвардиола се фрустрираше како никогаш. На крајот, Манчестер Сити - ВБА 1:1 благодарение на голманот на гостите Сем Џонстон.

Немаме пари, не можам дресот да го сменам

Во турскиот Куп, Ризеспор лесно со 3-0 го елиминираше Ескишехирспор. После мечот еден домашен играч му приоѓа на гостинскиот фудбалер Бугра Чаглијан за да ги разменат дресовите како што е редот. Ама овој одбива со гестикулација дека се нема пара за друг дрес. Ова не е прва ваква ситуација, се случувало и многу поголеми клубови да не им дозволуваат на играчите да ги даваат дресовите.

Куртоа со одбрана на месецот

Реал и Атлетик Билбао одиграа супер дерби. Крос го отвори резултатот, Капа израмни на 1-1, а Бензема со два гола ги постави конечните 3-1 за 3 бода. Ама малку фалеше да биде поинаку.

Канте, што ти бидна бе мајсторе?

Челси водеше против Вулвехремптон на гости со 0-1, но домаќините направија тотален пресврт и во 90+5' минута од продолжението славеа 2-1. Ама момент за кој се зборува е оној од 75' минута кога Канте од нигде никаде си ја фати топката од рака после аут.

Капитенот на Астон Вила смислил фора како да избегне новинари и фотографи

Сезонава Џек Грилиш игра одлично. Веќе има 5 постигнати гола, трет е во цела Премиер лига по број на асистенции, а од него подобри асистенти се само Кевин Де Брујн и Бруно Фернандеш.

Кога Михајловиќ ги однел Виери и Адријано на лесковачка со кромид

На времето додека сите заедно играа во Интер, Синиша Михајловиќ решил да ги прошета по Белград Фавали, Адријано и Виери.

Во Серија А строго казнуваат за богохулие

Минатиот викенд Рома го одигра можеби најдобриот меч во последните пар сезони и ја декласираше Болоња на гости со 1:5 (три гола им дадоа во првите 19 минути). Но следниот меч „волчицата“ ќе го игра без Брајан Кристанте.

Јак муабет меѓу Роналдо и Перин кој се слушна на празен стадион

Јувентус го преброди гостувањето кај Џенова и победи со 1-3 минатиот викенд. Два гола за гостите од пенал даде Кристијано Роналдо кој си муабетеше со домашниот голман и негов добар пријател Матиа Перин.

Петр Чех бранеше за У23 и прими гол од 16-годишник

Премиер лига 2 е првенство за У23 тимовите на премиерлигашите. Таму секоја екипа има право да игра и неколку сениорски фудбалери. Челси се реши за Петр Чех (38) кој направи неколку кикса од кои еден за примен гол. Сините за негова среќа победија 3:2, а Дени Дринквотер доби црвен картон во 77' минута откако направи тепачка.

Невиден циркус на најголемото бразилско дерби

Во 25. коло од бразилската Серија А, најдобра тамошна лига, Коринтијанс го доби Сао Пауло 1-0 со гол од пенал. Неколку минути после пеналот гостинскиот голман Тиаго Волпи направи циркус кој домашните не го искористија.

Нема голман за ваков топ од алжирскиот Жунињо

Буалем Кухи има 30 години, роден е во Алжир но игра за репрезентацијата на Катар. Настапува за клубот Ал Саад, а во кариерата сменил неколку позиции. Од крило во среден ред сега е стопер. Пазете го голот што го дал денес.

Компани со говор ко Ал Пачино во соблекувална

Во нова бледа сезона за најтрофејниот белгиски клуб кој во моментов после 16 кола има 8 нерешени и 2 порази, тимот предводен од Венсан Компани имаше мал блесок, победија против лидерот Генк со 1:0.

Кога лабуристите изгубиле избори откако Англија испаднала од Светско

Во третата сезона од серијата „Круната“ на Нетфликс се појавува и Едвард Хит, човекот кој на функцијата премиер на времето го наследил Харолд Вилсон, но во серијата не се открива зошто дошло до смена на власта во Британија.

Супер ждрепка во Лига Европа: Манчестер Јунајтед во Баскија, Милан во Белград

По ждрепката за 1/8 финале во Лига на шампиони, попладнево во Нион традиционално следеше и извлекување на паровите за 1/16 финале во Лига Европа. Супер интересни дуели ќе не чекаат на почетокот на 2021 година.

Извлечени паровите во ЛШ: Мега дерби Барса - ПСЖ, Лампард на Чоло

Супер дуели ќе гледаме во нокаут фазата од елитното друштво. Френки Лампард ќе се судри со бандата на Чоло Симеоне, Ливерпул имаше горе-долу добра ждрепка и ќе игра против германски Лајпциг. Меси и Барса ги чека јако дерби.

Почина Жерар Улие, поранешен тренер на Ливерпул и Лион

Францускиот тренер почина на возраст од 73 години, во ноќта меѓу недела на понеделник. Ќе се памети по големите успеси со Лион и со Ливерпул чии навивачи многу го почитуваа.

Клоцни го, рогни ја и спречи брза контра

Њукасл го победи Вест Бром со 2-1 со головите на Алмирон во 1' и Двајт Гејл во 82' минута. Домаќините во финишот и задржуваа време а најдобро му одеше на шпицот Калум Вилсон.

Што прави Тиери Анри кога ќе види дека Џака е капитен на Арсенал?

Фудбалерите на Арсенал го претрпеа и третиот пораз по ред во Премиер лига, овојпат дома 0:1 од Барнсли во 12. коло. Барнли славеше против „топџиите“ првпат после 1974-та година.

Несторовски со победнички гол за Удинезе

Удинезе славеше 2:3 на незгодното гостување кај Торино. Гостите имаа 0:2, „биковите“ во само 2 минути израмнија, но Несторовски кој во игра влезе во 62' минута од клупата, донесе големи и важни три бода за тимот од Удине.

Последен поздрав од најверниот другар на Диего

Поминаа две недели од смртта на Диего, а во неговата татковина снимија видео со поздрав од неговиот омилен предмет во животот - фудбалската топка.

Роналдиња ќе игра во Тетово, за Љуботен

Женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово на голема врата го најави ново засилување кое ќе треба да го освежи македонскиот женски фудбал.

После се чудат како Динамо не примал гол

Динамо Загреб како главна локомотива на хрватскиот фудбал, од сезона во сезона дава многу добри играчи за репрезентацијата. Сега во Европа се зборува за нивниот учинок во Лига Европа каде не примија гол цели 526 минути и како први во група одат понатаму.