Временските услови во ова доба од годината не секаде се идеални за фудбал. Особено не на крајниот север од Европа, во Норвешка каде попладнево еден меч од втора лига меѓу Јерв и Асане се прекинал по само 1 минута игра поради апокалиптично намокрен терен од дожд. Играчите и судиите се повлекле, па настапија машините.
Кога се вели дека во спортот не треба да се меша политика, се заборава дека политиката има големо влијание на спортот, посебно на фудбалот. Особено меѓународната политика.
Светската куќа на фудбалот го објави последното рангирање за оваа година, која ние ќе ја паметиме не по тоа кои сме на табела, туку до каде успеавме да стигнеме.
Антонио Конте ниту со еден тим не поминал подалеку од четвртфинале во Лига на шампиони (Јувентус, Челси, Интер). На последните 15 меча во ЛШ, победил само на 3 а општата статистика во Европа му е: 12 победи, 11 нерешени и 11 порази.
Разврската во групата Б во ЛШ синоќа заврши со драматичен крај како ретко кога. Веројатно многумина очекуваа дека во Мадрид нема да биде реми и Интер како фаворит ќе го совлада Шахтјор и ќе се пласира во топ 16. Но работите излегоа обратно.
Интер имаше зицер. Да победи дома против Шахтјор Доњецк и да чека Реал да ја совлада Борусија Менхенгладбах. И во Мадрид домаќинот глатко си води 2-0, а во 89' минута на „Џузепе Меаца“ Алексис Санчез со глава гаѓа кон голот на гостите, ама Лукаку на погрешно место во погрешно време.
Фудбалерите на Реал Мадрид и покрај двата порази од Шахтјор Доњецк во групата, успеа вечерва победи и да се пласира во следна рунда каде одат уште и Атлетико, Борусија Менхенгладбах, Порто, Сити, Баерн, но не и Интер.
ПСЖ и Башакшехир вечерва го доиграа прекинатиот меч. Почнаа од 14' минута а веќе во 21-ва Нејмар го отвори резултатот со мајсторски гол. Бразилецот постигна 3 гола, Мбапе 2 и Парижаните одат во нокаут фаза од групата од која испадна Манчестер Јунајтед.
Македонската репрезентација да ја гледаш и да уживаш, македонската лига НЕ. Ако некој странски медиум реши да прави сторија за дебитантот на ЕП 2020, нека ни го рипне домашното првенство. Тој дел не ни е за во јавност.
Во 16. коло од македонската Прва лига, Силекс и Струга Трим Љум играа фудбал на натопен терен поради обилните врнежи во Кратово. Домаќинот доби пенал во 27' минута кој го промаши Денис Ристов - Рики, откако се лизна при шутот и топката отиде високо над голот.
Турско романската серија во Париз крена голема прашина, а на ова тишинава без навивачи човек сè и сешто ќе чуе од терен и лесно може да донесе погрешен суд. За малку ќе имавме втор расистички испад од истиот меч, но овој пат од спротивната страна, па ќе беше големата и за тие што кренаа бунт.
Според информациите од Италија, на мечот со Мидтјиланд во Бергамо на 1. декември, лидерот на Аталанта Папу Гомез не слушал некои совети од тренерот Гасперини, по што овој го извадил на полувреме. Наводно се степале во соблекувалната.
Во првото коло од групата, Меси и Роналдо не се сретнаа во Торино зошто Португалецот пропушти неколку натпревари поради позитивен тест.Ова беше прва нивна средба после цели 2 години (Роналдо во 2018-та замина од Реал Мадрид). Двајцата се најдобри стрелци во историјата на Лига на шампиони.
На 66 годишна возраст поради проблеми со здравјето, синоќа почина поранешниот аргентински селектор Алехандро Сабеља. Ги водеше Гаучосите во периодот од 2011-та до 2014-та и на Мундијалот во Бразил ги однесе во финале по пауза од 24 години кое го загубија од Германија со гол во 113-та минута.
Капитенот на македонската репрезентација бил исплашен дека клубот решил да го продаде во Индија, а целата ујдурма му ја сместиле соиграчот и добар другар Доменико Кришито и менаџерот на Пандев, Леонардо Корси.
Мечот Зенит - Борусија Дортмунд донесе убав фудбал, многу голови, поведри теми од оној дуел во Париз меѓу ПСЖ и Истанбул и нов рекорд во Лига на шампиони.
Во 14' минута од мечот ПСЖ - Истанбул Башакшехир главниот арбитар на мечот, познатиот романски судија Овидиу Хацеган реагираше на еден конфликт надвор од теренот.
Една од акциите која се коментира на социјалните мрежи од дербито на вечерва меѓу великаните Барселона и Јувентус е моментот кога Лео Меси како на мал фудбал го помина Лео Бонучи. Од позадина тоа највнимателно го пратеше Кристијано.
Манчестер Јунајтед не успеа да ја преживее групата на смртта и покрај тоа што му требаше само бод за осминафинале. Роналдо со два пенали си замина среќен од Камп Ноу, а Лацио по пауза од 20 години ќе почувствува настап во нокаут фаза од ЛШ.
Скандалозни случувања на мечот меѓу ПСЖ и Истанбул Башакшехир во последното коло од ЛШ кој заврши по само десетина минути. Турскиот тим е револиран од односот на еден од судиите и во знак на протест го напушти теренот.