Уште се раскажува еден погодок на легендарниот голман Пантелиќ кој постигна преку 30 комада

Култниот југословенски голман Драган Пантелиќ не успеа да се одбрани од коронавирусот. Српските медиуми информираат дека утринава починал во болница на 69 годишна возраст.

Пантелиќ беше синоним за Раднички Ниш и асоцијација за голман и пред и по распадот на СФРЈ. Права легенда за која може да го прашате секој југоносталгичар,

Ќе се памети како еден од најдобрите голмани во југословенскиот фудбал кој речиси цела кариера ја мина во Раднички. Таму бранеше една деценија (1971-1981), потоа направи трансфер во Бордо, но по две сезони се врати во Србија и по една година во Тимок, копачките ги закачи на клинец токму во Ниш.

Освен голман, тој беше и тренер, а потоа и претседател на Раднички, клуб за кој има постигнато 29 голови.

Обично шутираше пеналите и слободни фрлања, ама има и еден епски гол од игра.

Пет години беше и репрезентативец на Југославија и учесник на Олимпијадата 1980-та, како и на Европското првенство 1982. На 19 репрезентативни мечеви има постигнато 2 гола.

Незаборавниот гол на Пантелиќ против Вележ од околу 100 метри, каде бранеше една друга легенда по име Енвер Мариќ, кој има 32 настапи за Југославија и е поранешен член на Шалке.

20 октомври 2021 - 14:47