Како шпанскиот бек од Тотенхем приметил дека некој се бори за живот на трибините во Њукасл

Фудбалерите на Тотенхем, Серхио Регилон и Ерик Дајер се јунаци на колото откако први брзо реагираа кај судијата да го прекине мечот и лекарите од клупите да реагираат на трибините каде на некој навивач му се пружала прва помош.

На првиот домашен меч на Њукасл по доаѓањето на новите сопственици од Саудиска Арабија, навивачите видоа пет гола, многу шанси, дуели, но и еден страшен момент.

На пет минути пред крајот на првиот дел мечот беше прекинат зошто му се слошило на еден навивач на трибините околу кого се собрала толпа луѓе.

Прв ги приметил левиот бек на Спарс, шпанскиот репрезентативец Серхио Регуилон.

Во разговор за шпански El Larguero, тој вели:

„Сфатив дека нешто се случува на трибините. Он беше меѓу едно друштво кое играше. Имаше двајца кои кренаа раце наеднаш а во тој момент на теренот беше тивко. Друг навивач на трибините му даваше вештачко дишење многу интензивно. Бев шокиран зошто видов како луѓето реагираат.

Отидов одма до кај судијата да му кажам да го прекине мечот зошто некој умира.

Дали обично приметуваш што се случува на трибините?

„Не, обично никогаш не приметуваш ништо. Можеби кога семејството дошло на трибините да те гледа.

Дали ви падна на памет дека можеби ќе видите смрт во живо?

„Да, ја гледав. Станував нервозен. Знам дека на терените има дефибрилатори и затоа му реков на судијата да прекине. Некои колеги ме видоа во соблекувална дека сум потресен. Дури и после мечот бев вознемирен. Соиграчите ми рекоа да пробам да се фокусирам зошто изгледа натпреварот ќе продолжи. Ама се осеќав лошо.

На стадион ли дознавте дека навивач му го спасил животот?

„Кога заврши мечот ни кажаа дека го стабилизирале, ама беше многу страшно“.

На судијата му се обрати на шпански или на англиски?

„Бев толку потресен што му зборев секако. На англиски, на шпански. Му кажав на својот согирач Даер кој одлично разбира шпански зошто не знаев како се вика дефибрилатор на шпански. Направив гест со раце за да ме разбере подобро“.

Ерик Даер веднаш се стрчал кон клупата за резерви и итно барал помош од лекарите


Докторот на Њукасл Пол Катерсон веднаш истрчал кон трибината со дефибрилатор и брзо станало јасно дека човекот доживеал срцев удар.

Натпреварот беше прекинат, веднаш се вклучија лекарите од двата тима и му пружиле помош на навивачот.

Паузата потрае до крајот на првото полувреме, па судијата додаде седум минути но мечот не беше продолжен додека интервенираа лекарите. Двете екипи отидоа во соблекувални, а се вратија дури после 20 минути. Прво го доиграа првиот дел, а после веднаш го почнаа вториот дел.

Навивачите на Њукасл ги пречекаа играчите на Тотенхем со голем аплауз, а посебно Регилон и Дајер.

Клубот Њукасл во понеделникот на официјалниот сајт објави дека навивачот се наоѓа во болница и е во стабилна состојба. Им заблагодарија на сите кои учествувале во спасувањето.

Дали сметаш дека ти му го спаси животот со реакцијата?

„Тоа ми го викаат многу луѓе, ама секој кој би бил во моја позиција би го направил истото. Да знаев да пружам прва помош, би ви кажал дека би можел да направам малку повеќе. Судијата ме сослуша зошто бев многу немирен. Фала му што ме сослуша.

Трибините ви дадоа овации после.

„Секогаш постои ривалство на сите терени, ама во животот сме човечки битија, најважно е здравјето на луѓето“.

Што се однесува до самиот натпревар: Њукасл прв постигна гол за огромна радост на преполниот „Сент Џејмс Парк“, ама Тотенхем возврати со три гола (првпат во сезоната гол даде Хари Кејн во Премиер лига). На крајот триумф на Спарс 2:3 на јубилејниот 1.000 меч на Стив Брус како тренер во Премиер лига. Веројатно и негов последен како менаџер на Њукасл зошто го чека отказ.

19 октомври 2021 - 09:45