Зошто Симеоне избега и не се поздрави со Клоп?

Атлетико Мадрид и Ливерпул го одиграа најдобриот меч досега после три кола во Лига на шампиони. Имаше голови, стартови, картони, шанси, драма. Црвените на крај славеа 2:3 а на крајот од мечот Диего Симеоне само истрча брзински кон соблекувалните без да се поздрави со Клоп.

На едно од последните новинарски прашања на репортерот за Клоп после мечот, зошто бил бесен на крајот од натпреварот, која била причината, би требало да биде среќен со резултатот, Клоп вели:

„Зошто бев лут? Дај, не сум до толку идиот како што... не бев лут. Гледај, ако сакаш да направиш приказна за тоа, можам да сфатам. Сакав да се ракувам со него, он не сакаше. Во тој момент можам да разберам само дека истрча внатре. Емотивен е, и јас сум емотивен, а ти не си добар човек штом сакаш да направиш приказна од тоа. Викаш дека сум бил лут, кога бев лут? Сега сум лут од твоето прашање“, изреагира Клоп нервозно кон новинарот.

А Чоло Симеоне на прес-конференцијата исто спушти топка и кажа дека обично не сака да се ракува со противничките тренери после мечот.

„Не сакам да се ракувам и мислам дека не е здраво зошто секогаш ќе има некој кој не е задоволен од мечот. Они имаат различна култура која што јас не ја делам. Ако го видам сега Клоп немам проблем да го поздравам“.

Сите голови од Лига на шампиони 

20 октомври 2021 - 10:27