Астон Вила и Вулверхемптон одиграа врхунски дуел кој заврши 2:3 со гол на гостите во длабоко судиско продолжение, 90+5’ минута. Во еден продор шпанскиот репрезентативец Адама Траоре кој важи за најбрз и најснажен фудбалер во Премиер лига, помина дури четворица противнички фудбалери и за малку ќе го дадеше голот на сезоната во лигата. Му одбрани Емилијано Мартинез.