И овој се вика Адама Траоре, ама не тој со мускулите од Вулверхемптон, кој играше за Барса, а сега е во Фулам. Овој е роден во Мали, игра за Хал и е највиновен што неговиот тим одигра 0:0 против Лидс. Се посрамоти.
Астон Вила и Вулверхемптон одиграа врхунски дуел кој заврши 2:3 со гол на гостите во длабоко судиско продолжение, 90+5’ минута. Во еден продор шпанскиот репрезентативец Адама Траоре кој важи за најбрз и најснажен фудбалер во Премиер лига, помина дури четворица противнички фудбалери и за малку ќе го дадеше голот на сезоната во лигата. Му одбрани Емилијано Мартинез.
Арсенал изгуби дома 1-2 од Вулверхемптон и продолжи серијата слаби резултати под водство на Микел Артета. Фрустриран беше и стоперот Роб Холдинг кој по еден дуел со гигантот и најголем билдер меѓу фудбалерите Адама Траоре изнервиран се издра на цел глас.
Се сменија времињата и во вакви наслови обично стоеа ликови од типот на Иниеста и Чави. Ама затоа навиките не се менуваат. Шпанија е тоа и доаѓаат други опасни генерации како што се веќе прочуениот талент на Барса и тоа крилото од Вулверхемптон со кој нејќеш да влезеш во дуел.
Адама Траоре дебитираше за селекцијата на Шпанија и тоа на дерби меч против Португалија кој заврши 0:0. За тоа како е да се влезе, односно да ти влезе во дуел игра, ќе треба да раскаже фудбалерот на Барселона Франсиско Тринкао.
ЕСПН синоќа објави фотка со следниов коментар: Замисли да треба да играш против Адама Траоре. Крилото на Вулверхемптон кај има физикус на билдер, па уште и е струја на терен. И со топка е побрз од играчите на Севиља.
Во петокот Манчестер Сити гостуваше кај Вулверхемптон и водеше 2:0 со играч помалку. Во второ полувреме примија три гола и изгубија. Почетокот на лудиот кам-бек го направи Адама Траоре кој сезонава веќе постигна 4 гола и има 4 асистенции.