Севиља синоќа го елиминираше Вулверхемптон со гол во 88-ма минута, но Англичаните треба да жалат, бидејќи по само 11 минути игра можеа да го отворат резултатот.
Во таа минута беше досуден пенал за нив кој го промаши Хименес, а на неуспешниот удар од белата точка, му претходеше страшен трк со топка на Траоре на кој двајца не можеа да го стасаат.
Неверојатна брзина на ѕверот. За осум секунди го претрча скоро цел терен.
Imagine having to play against Adama Traore 😳 pic.twitter.com/6VjuHyf7il
— ESPN FC (@ESPNFC) August 11, 2020
Инаку Траоре е продукт на Барселона и настапуваше за сите младински селекции на Шпанија. За Каталонците во Ла Лига дебитираше на 17 години на мечот против Гранада откако влезе на местото на Нејмар во ноември 2013-та.
Во 2015-та направи трансфер во Астон Вила за 10 милиони евра, а пред да стане член на Вулверхемптон пред две години, нстапуваше и за Мидлсброу.
Инаку авантурата на Вулверхемптон во ЛЕ заврши после повеќе од една година, Им започна лани на 25 јули уште во второто квалификациско коло.