Од непознато дете во Барселона, до најснажен играч во Премиер лига

Во петокот Манчестер Сити гостуваше кај Вулверхемптон и водеше 2:0 со играч помалку. Во второ полувреме примија три гола и изгубија. Почетокот на лудиот кам-бек го направи Адама Траоре кој сезонава веќе постигна 4 гола и има 4 асистенции.

Два дена после лудиот меч со Сити, 23-годишниот Траоре доби пофалби и од најдобриот тренер на светот во моментов, а во пресрет на мечот Ливерпул - Вулверхемптон (1:0).

„Траоре најде тренер кој му ја најде позицијата. Во Мидлзборо беше исто добар, но му фалеа правилни совети. Многу голем талент е и уште е млад. Против Џејми Варди пример, тешко е да се браните на големо пространстрво, но против Траоре е уште потешко зошто е исклучително брз“, рекол Јирген Клоп.

МНОГУ НАПРЕДНАЛ ПО ЗАМИНУВАЊЕТО ОД БАРСЕЛОНА, СТАНАЛ ПОБРЗ И МНОГУ СНАЖЕН

Адама Траоре има корени од африканската земја Мали, но тој поседува шпански документи. Првите фудбалски чекори ги направил во Барселона.

„Барса сигурно е најдоброто школување кое може да го добиете во фудбалот. Никогаш нема да ги заборавам тренинзите со Меси. Тој секогаш излегуваше последен од тренинг и неверојатно многу работеше во теретана. Ако тој кој е најдобар играч на светот така посветено работи, што останува за нас? Може да имаш голем талент, но најважно е многу да се работи“.

Во Барселона многу му се посветуваат на секој млад играч и тоа го восхитило Адама.

„Вие не може да останете 10 години на топ ниво, невозможно е. Во Барселона водат сметка за многу работи - диета, исхрана, сон, здравје. Има дури и програма која ви кажува дали е добро да пиете кафе пред или после мечот. Луѓето имаат разен метаболизам, нешто што му одговара на некој може да има контра-ефект кај друг. Програмата затоа помага се разбере“, раскажал во една прилика Траоре за академијата на Барселона.

За првиот тим на Каталонците дебитирал во 2013 година кога од клупата за резерви влегол место Нејмар. Тие 7 минути му останале и единствени на Траоре во шпанска Ла Лига.

Во 2015-та година се преселил во Англија и многу зајакнал физички. Ако во Шпанија бил слабичок, сега во Англија изгледа сосема поинаку.

Што е уште почудно, Траоре не работи со железни тегови во теретана.

„Тренирам секој ден со физиотерапевт. Луѓето на социјалните мрежи ме прашуваат дали кревам тежина. Не, само физичка работа и профилактика. Не вежбам за да ми расте мускулната маса, зошто мускулите брзо растат. Луѓето се чудат кога им кажувам дека не кревам тегови, но тоа е вистина. Така би бил уште поголем. Се трудам помалку да работам на горниот дел од телото, зошто не треба многу да кревам за да станам поголем“.

Неговиот другар од Астон Вила, Карлес Хил поставил фотографија од Траоре со реторичко прашање: „Што мислите, на другар ми му треба ли да оди во теретана“?

Во Англија Траоре сезонава е хит. Сега е актуелен по голот против Манчестер Сити. Има во просек по 4,9 шута кон противничкиот гол по натпревар и по тоа е втор во цела Премиер лига.

„Адама е способен на работи кои може да се очекуваат од човек со раст како Лионел Меси. А изгледа како јак боксер од средна категорија“, вели Грем Хантер, стручен коментатор на Sky Sports. 

A фудбалерот од Мали, роден во Шпанија, вели дека мускулите не му се единствена цел.

„Мојата работа завршува во тоа да бидам физички јак, да се чувам од повреди. Да си развиен е корисно на теренот, те прави поексплозивен и побрз“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🐺

A post shared by Adama Traore Diarra (@adamatrd37) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Unfortunately, we didn’t get the win today, although the team did a great job. Let’s keep working hard.

A post shared by Adama Traore Diarra (@adamatrd37) on

ТРЕНИРАЛ БРЗО ТРЧАЊЕ СО ОЛИМПИСКИ ШАМПИОН

Што е најинтересно, ај што е јак како бик, туку е и многу брз. Има неверојатна моторика. Во академијата на Барса го викале Уесин Болт. А Траоре раскажал дека еднаш на 16-17 години имал проблеми со колената поради брзото трчање.

„Поради брзината ми страдаше коленото, зошто сите мускули ми беа слаби. Почнав да работам над себе, за да станам посилен“.

Во Англија дури и специјално тренирал со олимпсикиот шампион во трчање, Дарен Кембел.

„Дарен викаше дека треба да трчам 100% побрзо. Сега можам да го претркам противникот на 70% и уште да ми остане енергија и време за следна одлука. Луѓето мислат дека трчам брзо, но на крајот и тоа е уште бавно. Сакам да ја дознаам издржливоста до крај и да станам појак“.

Нуно Еспирито Санто, тренерот на Вулверхемптон најмногу ја сака универзалноста кај Траоре. Аадама сезонава често играше десен крилен напаѓач, но понекогаш се враќа на крило или во одбрана.

Португалецот го дава Траоре како пример:

„Го користиме Адама таму каде што е најкорисен за екипата. Траоре ми помага во изборот на тактика. Кога тој е на терен, тогаш противникот не знае до крај на која позиција игра тој. Мислам дека универзалноста е најголем квалитет за еден фудбалер во современиот фудбал“, вели тренерот кој има одлична сезона со Вулвс.

„Работата во одбрана е многу голем напредок за мене. Важно е да играм каде било, каде што можам да и помогнам на екипата со мојата брзина и снага“, се согласува Траоре со тренерот Нуно Еспирито Санто.

Шпанецот со африканско потекло има половина добиени дуели на теренот што е одличен показател за напаѓач. Игра одлична сезона во тимот кој високо претендира сезонава.

30 декември 2019 - 09:54