Фудбал

На Евро 2000 Јап Стам го сошија без да трепне и сакаше уште да игра

Европското 2000 беше едно од поинтересните во историјата со голем број врвни фудбалери во составите на репрезентациите, a oвој турнир го одбележија неколку занимливи епизоди.

Еден настап на Нејмар ПСЖ го чини 1,4 милиони евра, мислиш Пеле го имаат

Трансферот на размазената ѕвезда од 222 милиони евра беше ван секој памет. Не знаеме дали и каква клаузула има во договор во однос на бројот на настапи, ама “операцијата Нејмар“ им излезе ултра скапа во однос на тоа колку го има на терен.

Лудиот голман Чилаверт кој во '99-та постигна хет-трик на еден меч

Најдобар стрелец меѓу голманите во историјата е легендарниот бразилски голман Рожерио Сени. Тој постигнал 132 погодоци а негов прв следбеник беше лудиот Хозе Луис Чилаверт кој даде 62 гола.

Босанскиот новинар кој растури на англиски со Нистелрој

Ексклузивната изјава со холандската ѕвезда ја почнува вака: Руд, тенкју фор апсеншн гравитејши рај мај ом виен ти. И потоа новинарот на ОБН во недостиг на англиска терминологија, оди на сигурна карта и му чита статистики со голови, на кој Руд Ван Нистелрој му преостанува само да му потврди со: Да, така е.

Неста од карантин одговара на прашања на Виери

Тоа се двајца култни ликови од најубавите времиња на италијанско, кои имаат играно заедно во Лацио и за Италија. Муабетот е кул, но легендарниот стопер дава и сериозни одговори, како признанието дека имал тешки кризи и станал неподнослив кога ја завршил кариерата.

По Холандија, и Франција се фати за орото - нема спорт до септември

Сезоната 2019/2020 во францускиот фудбал е готова откако францускиот премиер Едуар Филип објави дека никакви спортски настани нема да се одржуваат до септември.

Дибала позитивен на Ковид-19 четврти пат во шест недели

Еден од најдобрите фудбалери на италијанскиот шампион Јувентус, Аргентинецот Пауло Дибала нема дерман од КОВИД-19.

Сведоштво на фудбалер кој играл со маска

„Издржав само 15 минути и потоа ја извадив за да не се задушам. Имате чувство дека белите дробови повеќе не се во можност да соберат кислород“, објаснува првиот фудбалерот кој го искусил ова.

Кога Тарибо Вест му рекол на Липи: „Шефе, Господ ми рече дека морам да играм“

За време на еден разговор преку видео повик на Фејсбук, Бобо Виери му раскажува анегдота на Марко Матераци од времето кога Марчело Липи го водеше Интер.

Кога Веа им рече нека дојде кој сака

Кој е тој што има освоено Златна топка во 1995-та, две Скудета со Милан и е претседател на Либерија од 2018-та? Жорж Веа. Сме видете ние слаломи од по 20, 30, 50 метри, ама господине претседателе секоја чест за овие 100 метри со пречки.

10 години од оскаровецот Бускетс

На денешен ден пред точно 10 години се случи една од посрамните глуми кои поминуваат само во Театар Комедија. И тоа актерот кој го стори тоа беше Серхио Бускетс во дуел со Тијаго Мота. За срамот да биде поголем, мечот беше полуфинале во ЛШ.

Кога Ипсвич од втора лига направил прво па машко

Ипсвич е единствениот тим во најдобрите европски лиги кој успеал да ја освои титулата уште во прва сезона откако од втора лига влегол во прва. Титулата ја прославиле на 28 април 1962 година кога го шокирале фудбалскиот свет.

Цигарата во соблекувална која му ја смени кариерата на Шчесни

Денес Војчех Шчесни е еден од најдобрите голмани во Серија А и двократен шампион на Италија со Јувентус. А во 2015-та беше еден од вечно најкритикуваните голмани на Арсенал.

Најбараните кадри на стадион

Не е дека само фудбалот ни фали за гледање, односно самата игра.

Кордоба од Интер уште го стега грб од рулетот на Пике

Најфамозниот двомеч во клупската историја на Интер во Лига на шампиони. Прво на домашен терен со 3:1 и маестрална партија на Горан Пандев ја згромија Барселона, а на реваншот успеаа да оддолеат и изгубат само со 1:0, доволни Интер да го продолжи патот до триплетата со Мурињо. Единствениот гол на мечот го даде Пике и тоа после добар ролеркостер.

Слободен удар на денот

А што ли ќе прават кога ќе почнат да одат на тренинзи?

Што ли ќе биде на Енфилд ако Јанг Бојс славел вака?

После цели 32 сушни години, швајцарскиот клуб Јанг Бојс на 28 април 2018-та година ја освои титулата. Генерации и генерации навивачи чекале на овој сон. Дента на мечот против Луцерн (2:1) цел Берн бил обоен во жолто и црно, улиците биле исполнети со навивачи. Се прашуваме што ли ќе биде на Енфилд Роуд после 30 години чекање шампионски пехар?

Најверните фудбалери во Европа - само еден клуб цела кариера, повеќе од една деценија

Трансфермаркт состави рејтинг од најпреданите, најлојални фудбалери во современиот фудбал. Во првите топ10 дури 5 се од Ла Лига.

Ждрепка за ЛШ со Роналдо, ама во кујна

Сè е тука транспарентно, затоа што сам влечеше и сам си го обра бостанот. Тоа е.

Гостување на бате Ване кај Бошко, 489-та емисија

„Имам на едно место кажано. Сите други новинари ќе ги купам со по 10 ќебапи, а ти ќе ми ги изедеш ќебапите и пак маме ќе ми ебеш“. Оф рекорд муабет на легендарниот претседател на Беласица со кој почнува ултра драгоценото видео на Јутјуб.

Индијците на Светското 1950 сакале да играат боси, мечот Бразил - Уругвај го гледале 200.000 луѓе

Првиот пост-воен Мундијал, се одиграл во Бразил под многу необични околности. Многу земји немале ни репрезентации, а на некои не им се давале пари да летаат дури до таму.

Не го напаѓај Кафу еден на еден ниту сега

Поранешниот фудбалер на Лацио, Павел Недвед и 20 години подоцна има вртоглавица од еден прочуен дуел со  Кафу на римското дерби. На легендарниот Бразилец кој има неполни 50 години и сега да му се сипеш, ќе мора потоа да бараш кафетин.

Бегалецот кој стана неизоставен дел од Баерн Минхен

Роден на 2 ноември 2000-та во во бегалски камп во Будубурам (Гана), пребеган со неговите родители од граѓанска војнa во Либерија, стигнува во Канада, земја која му нуди одлични услови за живот и тренинзи.

Еднаш на 100 години паѓа ваков гол

Падна пред две години во Австралија, а го постигна тогаш 19 годишниот Рајли Мекгри од Њукасл Џетс на меч против Мелбурн Сити. Во акцијата учествуваше и поранешниот македонски репрезентативец Даниел Георгиевски.