Разликата меѓу Рожерио Сени и Чилаверт викале дека е во тоа што првиот давал голови за слава, а вториот за душа. Но во ноември 1999-та Чилаверт направи нешто што не му успеало не само на Сени, ниту на многу други фудбалери - постигна хет трик на еден натпревар.
Тоа се случи во Аргентина, кога Велез Сарсфилд за кој бранеше Чилаверт го пречекал Ферокарил Оесте. Домаќините со 6:1 го растуриле гостинот а три гола паднале од пенал. Сите три ги реализирал голманот Чилаверт.
Чилаверт се разликувал од другите голмани поради тоа што имал помали стопала. При раст од 188 сантиметри, тој можел подобро да ја контролира топката.
„Бог ме направи висок со 39 размер на стопала. Поради тоа имав прецизен удар и контрола на топката“, рекол еднаш парагвајскиот голман.
Чилаверт првпат дал гол во својот прв клуб - Гуарани од Парагвај, а кога во 1988-ма од Јужна Америка преминал во шпанска Сарагоса, неговата нестандардна љубов кон головите се преселила во Европа.
Во 1999-та Сарагоса го пречекала Реал Сосиедад (2:1). На овој меч имало пенал за домаќинот, па трибините почнале да го скандираат името на Чилаверт. Тренерот Радомир Антиќ ми покажал на парагвајскиот голман да оди кон белата точка да изведе пенал иако друг соиграч веќе ја местел топката.
Чилаверт истрчал до таму ама побарал од својот колега Исидро Виљанова да го пази неговиот гол да не случајно промаши па отвори контра.
Чилаверт дал гол од пенал, прославил со навивачите и соиграчите, но подоцна зажалил што ги слушна и тренерот и навивачите. Додека се враќал на голот муабетел со соиграчите, судијата го продолжил мечот а Реал Сосиедад израмнил со шут од средина на терен.
Секако, Виљанова не издржал и истрчал да го прослави голот на Чилаверт.
Кога ја видел топката во сопствената мрежа само неколку секунди откако дал гол од пенал, Чилаверт му се свртел на Виљанова и го прекорувал.
Од тогаш лудиот Парагваец веќе не изведувал пенали за Сарагоса. Ама не го држело место, топка го влечела, па постојано излегувал од својот шеснаесетник во улога на либеро и започнал напад. Тоа многу ги нервирало сите негови тренери.
„Навивачите полудуваа. Слушав како ми урлаа да се вратам назад“.
Другите играчи на Сарагоса раскажувале дека тој на тренинг ја користел секоја прилика да избега од стативите.
„Играше како шпиц на тренинзи, даваше голови. Се сеќавам дека еднаш помислив: „Овој сигурно како мал играл во напад па се заборава. Гледаше како да ја преземе мојата улога ама не можеше да ги соблече ракавиците“, се сеќавал Густаво Поје.
После авантурата во Шпанија, Чилаверт се пресели во Аргентина, потпиша со Велез. Соиграчите таму долго време се навикнувале на неговите манијакални тренинзи.
Тренерот на Велез Карлос Бјанки раскажаувал дека после секој тренинг Парагваецот останувал уште долго на теренот и вежбал слободни. Имал цел да изведе 120 пенали секоја недела и два пати повеќе слободни удари.
Во 1996-та година тој постигна еден од најубавите голови во историјата на аргентинската лига. Велез играше против Ривер Плејт во големо дерби и добил слободен удар на своја половина. Чилаверт ни две ни три тргнал кон топката и решил да проба да даде гол од таму.
Топката летала толку незгодно што голманот на Ривер не знаел како да се справи со неа и завршила во мрежата:
Според легендата, пред да се залета и изненадно да шутне, Чилаверт му рекол на бекот: „Тргни се од патот, му давам гол!“
На страна дадените голови, Хозе Луис Чилаверт беше и сериозно добар голман. Во кариерата многу пати ја сочувал својата мрежа на важни натрпевари а бранел и решавачки пенали.
Парагваецот никогаш не сомневал во себе иако му викале да се откаже зошто е многу ризично за целата екипа и може да примат брз гол.
„Има успешни и неуспешни луѓе. Успешните не мислат на неуспех. А обичните секогаш сомневаат: 'А што ќе се случи ако примиме гол'?