Во 34. коло од бразилската Серија А, на мечот Форталеза - Коритиба гостите изгубија 3-1, добија 5 жолти и 2 црвени картони, а резултатот можеше да биде поубедлив ако во 90+8' минута гостинскиот центарфор Мартин Сарафиоре не одбренеше пенал.
Мислевме дека наш Марио Ѓуровски е најјак за прослави на гол. Уствари добро Марио пак си е најјак, а овој не му е конкуренција бидејќи спаѓа во друга категорија. Дечкото реши да оди на крај, ама онака хард кор како да е дома.
26 годишниот Нану доби лекарски третман на терен кој траеше околу 15 минути. На никој не му беше до фудбал после судирот, а Пепе се расплака од мака за својот соиграч.
Еден од најголемите и најизненадни трансфери во зимскиот преоден рок беше оној на Себастијан Алер во Ајакс кој за репрезентативецот на Брег на Слонова Коска плати 22,5 милиони евра.
Златан Ибрахимовиќ досега во кариерата играл против 250 клубови и репрезентации. Во клупскиот фудбал постигнал 499 гола и сега го чекаат противници против кои никогаш не играл.
Фактура на лицето еднаш, фактура на лицето два пати. А нели е наједноставно да се напише само дека ќе отсуствува поради повреда? Ај сега ќе им пратиме фактура.
Нема година без некоја драмолетка во Куп натпреварите и тоа не само во Шпанија. Реал испадна од третолигаш уште во топ 32, каде Барса се спасуваше во продолженија исто така со третолигаш, а синоќа направи лудачки пресврт со Гранада во топ 8.
Гилфи Сигурдсон и Калверт-Луин беа стрелци во триумфот на Евертон над Лидс Јунајтед 1:2 на гости, ама играч на мечот беше шведскиот голман Робин Олсен кој бранеше како луд.
Монако ја совлада Ница со 2:1, а голот за победа го постигна Висам Бен Једер кој изведе топовски удар. Тројца играчи учествуваа во измамата на која наседнаа живиот ѕид и голманот, а мрежата ќе оди на шиење.
Како се гине за тимот ќе ви покаже Тајрон Мингс од Астон Вила на мечот против Вест Хем. Потоа кутриот се здроби во гол и пушти крик кој без публика силно се слушна во пренос.
Ама па и никогаш кај него не било модро, бидејќи се вика Мануел Ноер, брани за Баерн и знае како да царува и надвор од шеснаетник. На моменти е спектакл за гледање, затоа и постои ваков клип со него.
Ништо не е јасно околу иднината на најтрофејниот македонски клуб кој е на апарати веројатно како никогаш до сега. Вардар е практично во моментов оставен сам на себе, без газди, па навивачите се обидуваат да го одржат во живот барем привремено додека не се најде решение.
Го купија 4 милиони евра од Ливерпул, сега според Трансфермаркт вреди 50. Ваков плејмејкер Лацио немал од времето на легендарниот Хуан Себастијан Верон. Шпанија не смее да си дозволи таков луксуз да не го повика на ЕП. Магионичар е со топка, а ланска сезона беше втор најдобар асистент.
На младинците на Лацио официјално им се приклучил десниот бек Романо Флориани Мусолини, правнук на Бенито Мусолини, син на Алесандра која основала десничарска партија и оваа вест доби голем одјек во Италија.
Удавениот Шефилд Јунајтед кој со 11 бода е прв кандидат за испаѓање славеше против ВБА, а пред една недела го совлада Јунајтед. Запознајте им го голманот Арон Рамсдејл. Па ова уште 100 пати да го гледате, ќе бидете убедени дека е гол. Една од најјаките одбрани на сезоната.
Стефан Ристовски и официјално стана играч на Динамо Загреб каде друштво ќе му прави Аријан Адеми. На Спортинг му кажа збогум на емотивен начин, а убави зборови му напиша и Бруно Фернандеш.
Мечот Вулверхемптон - Арсенал од 22. коло во Премиер лигата ќе се памти по 2 изузетно глупи црвени картони на гостите и по страшниот гол на Жоао Мутињо за победа од 2-1 на Вулвси.
Младиот 19-годишен Австриец Александр Јанкевиц заигра синоќа првпат во кариерата од старт за Саутемптон. Ама во 82 секунда од мечот направи таква глупост што тешко дека во скоро време пак ќе заигра. Го однесе својот тим во нов кошмарен пораз од 9:0, втор таков во неколку месеци. А стартов е за во затвор.
Навивачите на Арсенал дефинитивно би можеле да волонтираат за некоја клиничка студија за преживеаниот стрес и нервоза. Играчите на овој клуб не само што играат топло-ладно веќе со години, туку сезонава и прават толку апстрактни потези што тоа е за неверување.
Минатата сезона Лестер го понижи Саутемптон на гости со брутални 0:9, а со истиот резултат екипата на Ралф Хазенхутл доживеа кошмар и на „Олд Трафорд“ синоќа.
Уште од мал донесен во едно англиско село, да игра фудбал и да учи школо, далеку од рајскиот луксуз во Брунеи. Играл во академиите на Лестер, Челси и Арсенал и секаде го прашувале: „Што те спотера да играш фудбал кога твоите се толку богати“?
Го знаете она, се игра додека не победи домаќинот? Епа во Кувајт во ситуацијава важи за гостинот, а средбата без срам и перде ја решава главниот судија кој успеа да ја победи ВАР технологијата и да си го извалка угледот за сите пари.
Во понеделникот вечер Брага гостуваше кај Мореиренсе во 16. коло од португалската Примеира. Уште во 26' секунда гостите дадоа гол преку Рикардо Хорта, ама судијата им го поништи по консултација со ВАР собата.