„Ла Мано де Диос“ за годишнината од смртта на Марадона
На 25 ноември 2020-та се одјави уметникот со топка, идолот на многу генерации и душата на Аргентина кој во својата земја го поистоветуваа со господ. Музичкава точка, која е дел од документарецот на Кустурица ја изведува со толкава страст и жар, исто како што го живееше цел живот до 60 години. Рефренот е кулминација на емоциите. Морници.