Случка во норвешкиот фудбал каква што немало досега

Во финишот од норвешката фудбалска сезона играа Кристијанстуд и Викинг. Гостите победија 2-3 а пред крајот од мечот се случи една многу чудна ситуација. Само што Бјерсхол го даде победничкиот гол за гостите, изби турканица меѓу голманот на Викинг Патрик Гунарсон и неговиот соиграч од среден ред Словенецот Давид Брекало. Во еден момент голманот Гунарсон одглуми дека бил удрен и падна а Брекало доби црвен картон од судијата.

После мечот за норвешкиот Aftenbladet голманот Патрик Гунарсон изјавил дека тој само му рекол на Брекало да ја исчисти топката а не да се прави дека не го слуша.

29 ноември 2021 - 09:15