И навивачите на Ривер пееа за Марадона, цел Монументал во чест на Диего

Толку беше голем што го сакаа буквално сите, и противнички навивачи и противнички играчи и тренери. Можеби најголем доказ за тоа е што во негова чест името му го скандираа и најлутите ривали, оние со кои се бореше на терен и надвор од него.

На мечот од аргентинската Примера дивизион Ривер Плата со 4-0 го совлада Расинг Клуб и освои шампионска титула. 

Гигантот од Буенос Аирес ја освои шампионската титула по 36. пат, сега на три кола пред крајот на првенството. Ја прославија пред 70.000 навивачи. Тренерот Марсело Гаљардо има дури 13 трофеи со Ривер Плата а овој шампионски пехар му беше единствен кој му недостигаше во Јужна Америка.

Гаљардо е тренер на Ривер 7 години. Во 2015 и 2018 под негово водство клубот ја освои Копа Либертадорес.

Пред натпреварот играчите на двата тима на средина од теренот формираа број 10:

Во чест на Диего грмеше цел стадион: 

Хајлајтс од мечот и шампионското славје на Ривер Плејт:

26 ноември 2021 - 09:13