Италијанските медиуми се шокирани што во Ф4 бараж групата евентуален ривал во финалето може да им биде Португалија и тоа на гости во Лисабон.
Веднаш по ждрепката сите селектори дадоа изјави во живо во врска со влечењето. Нашиот селектор Бобан Милески отсуствуваше од видео-врската а на негово место зборуваше Дени Масев.
Прв збор доби европскиот првак Манчини:
„Многу тешка ждрепка за нас!“, со ладна насмевка го отвори излагањето Манчо, свесен дека ако ја пројде Македонија можеби ќе оди на нозе кај Португалија.
Прво Македонија е многу добар тим, и после ако победиме, одиме на страна да го играме финалето или во Турција или во Португалија кои се пресилни“.
Веднаш по тој настап, Манчини дал изјава и за италијански RAI2:
„Веруваме и позитивни сме, против Македонија ќе треба да се одигра голем меч. Со Португалија, евентуално ќе играме, како што ние сакавме да ги избегнеме, мислам дека исто важи и за нив со нас. Ќе биде многу важно сите играчи да бидат спремни.
На прашањето за шпицот на Каљари Жоао Педро кој неколку сезони се изнадава голови во Серија А, Манчини изјави:
„Уште е многу свеж муабет, ќе видиме. Имаме добри играчи, не треба да се заборави што направија пред четири месеци. Жоао секако е одличен напаѓач, добро го познава италијанскиот фудбал“.