Пеколно тешка ждрепка за Македонија на патот до Светско првенство

Македонската фудбалска репрезентација во март следната година ќе гостува кај европскиот шампион Италија во полуфинале на баражот, плејофот за пласман на Мундијалот во Катар догодина.

Ждрепката во Цирих, во седиштето на ФИФА, вечерва беше сурова кон нашата фудбалска репрезентација. Во ситуација кога во првиот таканаречен „пат“ уште од старт ги донесе Шкотска и Велс, македонските навивачи се надеваа дека тоа би било идеално сценарио за нашата селекција.

Но како што одминуваше ждрепката (влечеа Португалецот Тиаго Мендеш, Лотар Матеус и Кристијан Карембе), стана извесно дека во третата група ќе бидат извлечени Италија и Португалија како преостанати од носителите. 

Било како било, најдобрите македонски фудбалери на 24 или 25 март 2022 година ќе гостуваат кај европскиот првак Италија. Победникот од нашиот двомеч, на 28 или 29 март ќе оди на подобриот од дуелот Португалија - Турција со тоа што при дополнителната ждрепка за домаќинство беше одредено домаќин на големото финале во нашата група да биде победник од двомечот Португалија - Турција, што значи дека доколку направиме епска сензација и ги совладаме Аѕурите, ќе треба пак да играме настрана.

Покрај Португалија или Турција, предност во евентуално финале да играат на домашен терен ќе имаат Велс или Австрија и Русија или Полска.

А
Шкотска - Украина
Велс – Австрија

ФИНАЛЕ: Велс/Австрија – Шкотска/Украина

Б
Русија - Полска
Шведска – Чешка

ФИНАЛЕ: Русија/Полска – Шведска/Чешка

 Ц
Италија - МАкедонија
Португалија – Турција

ФИНАЛЕ: Португалија/Турција – Италија/Македонија

Полуфинални средби: 24 и 25 март

Финални средби: 28 и 29 март.

Што рече селекторот на Италија за Македонија?

26 ноември 2021 - 17:36