Селекторот на Швајцарија пратил 9 кила чоколадо за Северно Ирците што ја скротија Италија

Пред мечот во Белфаст меѓу С. Ирска и Италија, навивачите на Северна Ирска и на Швајцарија во шега коментираа што вториве би им дале на првиве во случај Северно Ирците во последно коло од квалификации да не изгубат од европскиот шампион Италија.

На крај договорот паднал на 9-10 килограми чоколадо. Северна Ирска - Италија 0:0, Швајцарија како прва директно пласирана на Светско првенство 2022. Ирците лапаат најубаво швајцарско чоколадо. 

25 ноември 2021 - 13:08