Фудбал

Најчудниот црвен картон за глувонемиот Десница на мечот Реал - Ријека

Возрасните фудбалски гурмани добро се сеќаваат на сјајната генерација на Ријека која во '80-те години играла одличен фудбал и покорила неколку гиганти.

Судирот Лукаку - Ибра од перспектива на Лукаку

Не престанаа цела недела да се спрдаваат по социјални мрежи за жестокиот дуел меѓу напаѓачите на Интер и Милан, кој некако внесе поголема драж на миланското дерби кое го добија момците на Конте. Кај им текна па сега ваква будалаштина.

Елмас е микс од Савичевиќ, Хамшик и Сон и ќе биде еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата

Не запираат реакциите по дрскиот соло продор на македонскиот репрезентативец кој еден наполитански медиум го опиша како „гигантски слалом“. Јак наслов имаат и Хрватите, а пак Италијанците му направија интервју на наш поранешен репрезентативец.

Судиски клизач на колото во Романија

Каталин Сорин Попа е романски судија  кој стана хит на интернет поради клизачот кој го имаше во 68' минута од мечот УТА Арад - Динамо Букурешт (0-1).

Така се игра дерби, со муда

Спортинг ја доби Бенфика со гол во 92-ра минута, а колку знаат да бидат болни ваквите дерби пресметки ќе ви покаже Германецот Џулијан Вајгл.

Дани време е за пензија а?

37 години и не се баш некоја младост за фудбалер, особено кога гледаш дека веќе паѓаш и не ти оди како претходно. На Дани Алвеш му направија компилација на киксови во одбрана, нерезонски додавања, лоши слободни удари и сл. Па доста ти е бе друже, искина со 41 трофеј.

Шампионот Ливерпул донесе играч од втора лига кој никогаш не играл во Премиер

Клоп реши да ја засили одбраната со играч кој добро котира во англискиот Чемпионшип и кој никогаш не играл погоре од таа лига. За него познавачите на приликите во англиското фудбалско подземје имаат само пофалби, останува да се докаже на „Енфилд Роуд“.

Како бе за Македонија нема шипинг?

Нарачуваш дрес од македонска фудбалска репрезентација од интернет и тоа носен од Хасани против Турција и ти вика Македонија јок. Е и ова го немавме видено.

Принцот од Уганда што скокна повисоко од Роналдо: „Ќе му се јавам на Кристијано“

На меч меѓу аутсајдери од шкотската Премиер лига еден момент направи за натпреварот да се зборува пошироко.

Играч од Уганда го натскока Роналдо

Отиде рекордот на Кристијано Роналдо во скок во височина, а му го сруши Бевис Мугаби од шкотскиот прволигаш Мадервил. Дефанзивецот се одразил со неверојатни 75 см или 4 повеќе од Роналдо и со тој небесен скок му донел победа на својот тим за конечни 1:2 на гости против Рос Каунти.

Англиски фудбал: топката 25 секунди во воздух

На мечот Вотфорд - Барнсли во англискиот Чемпионшип, во еден дел од мечот топката дури 25 секунди беше во воздух а играчите 11 пати ја додаваа едни со други. Типичен англиски фудбал од стар ков.

Шапекоенсе се врати во прва лига, пехарот го крена преживеан од авионската катастрофа

Во 2016-та година бразилскиот клуб Шапекоенсе имаше авионска несреќа на пат кон финалето на Копа Судамерикана во Меделин. Загинаа 71 лице. Од цела екипа и стручен штаб преживеаа само тројца фудбалери, а кариерата подоцна ја продолжи само бекот Алан Рушел (31).

Детали од договорот на Меси за кои се зборува на големо

Сагата Меси-Барселона продолжува. Шпанските медиуми уште прават televisa presenta за што највиновно е актуелното раководство на клубот кое веќе изгледа дека стварно не знае кај тера.

Интересни анегдоти од автобиографијата на Михајловиќ (II дел)

Прав борец кој никогаш не крие што му лежи на душа. Играше во многу големи клубови, освои многу трофеи и е прав пример за тоа како човек никогаш не треба да се предава.

Фудбалер на Охрид се фати за глава што Пелистер утна пенал

Ништо повеќе не е јасно за тоа кај ни тера клупскиот фудбал. Односно јасно е како ден само сите се прават будали. Ај сега да повториме: Фудбалер на Охрид се фати за глава што Пелистер утна пенал.

Херојот на денот ни доаѓа од Брегалница Делчево

Не е Брегалница Штип, туку Брегалница Делчево и не е Никола Маркоски ракометарот, туку Никола Марковски фудбалерот. И ова херој на денот е малку. Херој на годината е.

Фер плеј на колото во Серија А

На толку лешперски потези со глумење фаули за секаков контакт и театралности по секоја цена да се добие пенал, веќе не се сеќаваме кога последен пат кога некој играч признал дека сам паднал.

Голманска лудост низ нозе

Брентфорд со високи 7-2 го попари Виком Вондерерс во Чемпионшип и со меч помалку е трет со 48 бода на патот кон Премиер лига. Голманот на домаќинот Давид Раја си поигруваше при резултат 4-2 во 75' минута.

Нов кунг фу потег на Златан со кој даде гол

Само Златан Ибрахимовиќ дава ваков тип на голови и никој друг. Внимавајте добро до каде ја крева ногата, скоро до пречка.

И Меси и Суарез со еврогол од слободен, не се знае кој беше појак

Прекрасни погодоци од големите другари само во различни дресови. Суарез и натаму докажува дека е најдобар шпиц во лигата, а Меси дека Барса без него не би можела. Какви легенди!

Велеслалом на Елмас, цела одбрана ја изработи

Бисерот на македонската фудбалската репрезентација блесна со соло акција во дресот на Наполи. Џенаро Гатузо веројатно почнува да сфаќа дека играч од таков калибарот не е за на клупа.

Облекувај се бе, народ гледа

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу настапи за Фехервар во унгарскиот шампионат, ама со учкур на шорцевите за разлика од неговиот соиграч, кој толку беше упорен што до шанса за гол стаса. Циркуз.

Турција ли е ова или Кратово?

Аланијаспор и Сиваспор уживаа во прецизната пас игра слично како Струга и Силекс зимово. Тој во барата од што е свесен ќе му заглави топката, фати да ја жонглира, ама пак ја заеба, па потоа и тој после него и така...

Асистенција на Барди за капитулација на Реал среде Мадрид

Енис Барди се врати по долгата пауза поради повреда на извонреден начин. Во рок од пет дена се истакна со мангупски гол од слободен удар вреден победа против Ваљадолид, а потоа при резултат 1:1 ја даде клучната асистенција за големи 3 бода на Бернабеу.