Штутгарт - Баерн Минхен. Се игра 93-та минута, резултат е 1:1 и кога во еден момент Рафиња непречен од никого, се мести да центрира во шеснаесетник. Тијаго Алкантара ја зема топкава на волеј, ама мислиш Пеле е тоа. Точно 7 години поминаа од ова ремек дело.
Казујоши Миура на 26 февруари наполни 54 години. Ја игра 36-та сезона по ред како професионален фудбалер, 17-та по ред со неговата Јокохама. Стана рекордер како највозрасен фудбалер на светот, а сега брка еден рекорд поставен пред 27 години од легендарниот Зико.
Наполи лесно се пласираше во полуфинале на италијанскиот Куп откако со 4-2 ја преслуша Специја. Освен Елмас, стрелец на гол за домашните беше и стоперот Кулибали и тоа како прав голгетер.
Наполитанците не и дадоа да писне на Специја во Купот и уште во прво полувреме и ја наполнија со 4 парчиња, што значи закажано е веќе полуфиналето со Аталанта. На листата на стрелци се запиша и Елиф Елмас кој го докрајчи противникот со убав лоб.
Нема кој не му честиташе роденден денеска на Џиџи кој со 43, сега го брка рекордот на Марко Балота кој бранеше за Лацио до 44 години. Твитер профилите се полни со негови паради, бројки и разни мигови од неговата па скоро три децениска богата кариера.
Првиот на табела во Премиер лига загуби од последниот или во превод Манчестер Јунајтед - Шефилд Јунајтед 1:2. Во моментот на постигнување на голот вреден триумф за гостите, инаку втор по 20 кола, во шеснаесетник има 8 играчи на Манчестер, 4 на Шефилд.
Нема спас од ова талентиве кои на сите камери, технологии и ВАР соби не престанаа со театралности кои не им поминуваат. Напротив, служат за потсмев. Погледнете го несреќников на Рајо, го скрши вратот да види каде е топката и кога сфати дека ја загуби се фати за нос.
Медиумите веќе не знаат како да го опишат, а Газета излезе токму со насловот кој го читате „Нерѓосувачкиот Џиџи“. Синоќа против Спал се појави со капитенската лента, денеска му е роденден, полни 43 години и постојат реални шанси да стане најдолговечен во историјата на италијанскиот фудбал.
Откако потпиша 18-месечен договор со Челси, Томас Тухел имаше помалку од 24 часа да ја организира екипата за мечот со Вулверхемптон кој заврши без голови. Тухел полека ги запознава играчите, а уште не го научил правиот прекар на капитенот Сезар Азпиликуета.
Одличниот шпански тренер кој сезонава го води Виљареал, е на прагот да го купи Реал Унион, баскиски клуб од трета шпанса лига кој бил учесник во првото шпанско првенство во историјата.
Со головите на Де Јонг и Меси, Барселона го елиминираше Рајо Ваљекано во Купот на Шпанија. Домаќините поведоа, но не успеаа да го изненадат големиот фаворит кој во судиско имаше чиста шанса за 1:3. Меси го легна голманот на Македонија, ама потоа не ја шутна кога требаше.
Фудбалерите на Севиља играат фантастичен фудбал под водство на Хулен Лопетеги. Синоќа во 1/8 финале на Копа дел Реј ја совладаа Валенсија 3:0 на свој терен. Еден од двата гола кои ги даде Лук Де Јонг беше после чудесно изградена акција.
Без никаква медиумска помпа или што би се рекло скришно, Калуди Кулибали од Наполи се истакна со многу човечен гест кој за малку фалеше и никој да не го дознае.
Беше во таков делириум што не знаеше што да прави, па откако се пошутка во место го крена микрофонот и згрми до даска за стрелецот на голот. Кристијан Ериксен не можеше да го совлада градскиот ривал на посладок начин. Со слободен удар во 97-ма минута.
Човекот чиј животен пат сигурно заслужува игран филм, на крајот од минатата година во Италија објави автобиографија во која раскажува за своите догодовштини од родното Буково кое го зафати воен виор, преку царскиот живот во Белград и успехот во Италија.
Интер и Милан синоќа играа четвртфинале во Куп натпревар, а тоа личеше како да е меч за титула. Ама градското ривалство си го прави своето и тоа не прашува од каква важност е нивното соочување. Летаа мајки, шајки, а во главна улога беше дуелот Ибра - Лукаку.
После точно 2 години, три месеци и 20 дена, моторот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди синоќа постигна преубав погодок од слободен удар за Леванте во шпанскиот Кралски Куп.
Ќе речеш вторник, тенко е со фудбал, а тоа е голчишта на сите страни. На Барди и Ериксен друштво им прави 21 годишниот Педро Поро со удар по кој оправдано е ова драње на коментаторот.
Да бидеш стартер кај Ел Локо, колку е добро, толку и не е. Ќе те исцеди од трчање од прва до последна минута, а ако не ти одговара ќе седиш на клупа. Синоќа Лидс го совлада Њукасл на гости, а по последниот свиреж ја имаш оваа глетка.