Слабите резултатит го притискаа норвешскиот стратег, кој по 12 кола е на 12 бода од лидерот Челси со скор од 5 победи, 2 нерешени и 5 порази. Кулминација беше дебаклот од Ватфорд 4:1.
Фотографијата која се врти од неговото заминување е оваа прегратка со навивач на Манчестер Јунајтед. Оле застанал за да се поздрават и му рекол дека му е чест што бил тренер на овој клуб.
„Знаете колку овој клуб ми значи и што сакав да постигнам тука. Сакав да направам чекор напред во трката за титулата, сакав да освојуваме трофеи. Жалам што не успеав и затоа сега е време да си заминам. Уживав од првата до последната минута тука. Благодарам на раководството кое ми даде шанса и на навивачите кои ми даваа поддршка. И понатаму ќе доаѓам на стадион, ќе ги гледам натпреварите. Овој тим има голем потенцијал и знам дека ќе направи исчекор напред“, рече Солскјер во последното интервју за клупската телевизија на Манчестер јунајтед.
„Чест ми е што ја добив довербата да го однесам клубот напред и се надевам дека го оставам во подобра состојба отколку кога дојдов. Создадов одлични пријателства, а навивачите беа одлични, од првиот ден во Кардиф до последниот“, рече Солскјер на последното интервју за клупскиот телевизија на Јунајтед.
Our farewell interview with Ole Gunnar Solskjaer ❤#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) November 21, 2021