Солскјер се враќа во своето рибарско место каде топло го пречекаа

Меѓу незадоволните навивачи на Манчестер Јунајтед кои со право беа фрустрирани поради катастрофалните резултати на скапата екипа, а на кои чашата им ја прелеа дебаклот од Вотфорд (4:1), имаше и такви кои пишуваа коментари „Солскјер да си оди по риба“. Интересно е што Оле стварно потекнува од рибарско место.

Оле Гунар Солскјер (или Солшер како ви е помило) е од Норвешка, земја на море, езера и фјордови. Риба таму има во неброени количества. Риболовот е голем дел од културата на оваа земја.

Морската риба долго време била главен продукт во исхрана и производ за заработка за крајбрежните реони. До индустријалната револуција (средина на XIX) рибарството било едно од три главни професии на локалното население и главен компонент на економијата заедно со селскиот туризам.

Норвешка има голем извоз на риба во Европа. Таму секоја година се одржува Светско првенство во риболов со трска.

Со тек на време риболовот паднал во втор план бидејќи Норешка голем дел од финансиските приходи ги има од производство на нафта. Но кај некои мали крајбрежни реони, животот и натаму е поврзан со риболовот.

Норвешка во последните години е рекордер по извоз на риби. Во август годинава 2021 извеле риба за 1,1 милијарда долари (30% повеќе од пред глобалната пандемија). Во 2020-та исто имале рекордни показатели, на светскиот пазар испорачале околу 2,7 милиони тони риба за 12,2 милијарди долари (втор најголем извозник после Кина).

Едно од традиционалните норвешки јадења е клипфиск или солен, сушен бакалар. Во Норвешка има дури и музеј на рибата бакалар - во градот Кристијансунд, родниот крај на Оле Гунар Солскјер. Ова место важи за главен центар за производство на сушен, солен бакалар на светот. Фактични целиот живот на градот е поврзан со риболов.

Кристијансунд е мало место со 25.000 жители и се гордеат што до скоро нивниот Оле беше менаџер на Манчестер Јунајтед и вистинска легенда на овој клуб. На еден од градските ридови му ставиле натпис во стилот на Холивуд на кој пишува 20LEGEND со алузија на култниот банер на навивачите на Јунајтед на „Олд Трафорд“ за Солкјер.

Секако во Кристијансунд сите го знаат семејството на Оле Гунар кое и натаму ден-денес живее во градот, но интересно, не се занимаваат со риболов. Татко му Ојвинд е шесткратен државен шампион на Норвешка во борење по грчко-римски стил (главна ѕвезда во овој спорт во втората половина на ’60-те години), а мајка му Брита потекнува од село покрај градот Кристијансуд.

Децата на Оле Гунар тренирале во академијата на клубот Кристијансунд а тој често доаѓал кога бил слободен да ја посети фудбалската школа на овој негов матичен клуб.

Кога заминал од Молде во Манчестер Јунајтед, тој предложил пријателски меч во Осло меѓу англискиот гигант и Кристијансунд од неговиот роден град. Немало услови да играат директно во градот зошто стадионот имал капацитет од 4.000 гледачи и не би можел да ги собере сите што сакаат да го гледаат Јунајтед.

Локалните мештани толку го сакаат Солскјер што дури и собрале околу 53.000 евра со цел да му се направи статуа која што е поставена во неговиот роден град

„Оле сериозно ги инспирира децата. Неверојатно е што тој од Кристијансунд тргна по една од најтешките работи на светот. За нас тоа е научна фантастика, многу сме горди на него“, рекол за The Sun тренер од младинската школа, Стиг Флемен.

Рибарското место сега нема баш многу причини за гордост зошто Оле падна на испитот во Манчестер Јунајтед, но во родниот крај и натаму го сакаат.

23 ноември 2021 - 09:57