Чиро Имобиле стана судија

Првиот стрелец во италијанската Серија (делат лидерска позиција со Душан Влаховиќ со по 10 гола) и кога не игра фудбал е во центар на вниманието. Омилен меѓу тифозите на Лацио кои пред дербито со Јуве го испочитуваа максимално.

Центарфорот кој пред неколку дена стана најдобар стрелец во клупската историја на Лацио со 160 постигнати гола, пред мечот со Јувентус (0:2), дојде до северната трибина на „Олимпико“ каде навивачите со неговиот лик нацртан на големо платно и пропратна парола: „Добродојде во историјата“ го одбележија новиот рекорд на шпицот.

Чиро Имобиле се повреди за време на собирот со репрезентацијата на Италија и не играше на дербито со Јувентус. Без него Лацио не можеше да постигне гол и изгуби од бјанконерите во Рим 0:2.

Но на некогашниот центарфор на Севиља и Борусија Дортмунд не му фалеше многу фудбал викендов зошто во тренинг центарот на Лацио се одиграл хуманитарен меч меѓу тим од вработени службеници во Ватикан и екипа на светската организација на Ромите (асоцијација која ги штити правата на етничките Роми).

Судија на мечот Чиро Имобиле:

„Прекрасно и единствено искуство. Многу ми беше пријатно да учествувам во овој настан, организиран од Папата“, рекол накратко Чиро. Мечот завршил 7:7 а Имобиле свирнал по еден пенал и за двата тима:

 

22 ноември 2021 - 12:46