Слабости кои може да доведат до катастрофално Светско првенство во Катар

Една од најбогатите земји на светот пред неколку години ја доби организацијата на вториот најголем настан на светот, фудбалскиот Мундијал. Домаќинството значи голема чест, но и голема одговорност.

Твитер нишка, Синиша Вулиќ:

Точно една година останува до почетокот на Светско првенство во фудбал во Катар 2022, кое најмногу ќе нè изненади ако не биде потполн организационен хаос.

Поради неподносливите горештини во летен период во Катар, тоа ќе биде прв Мундијал кој ќе се игра во постудената половина од годината, т.е. во ноември и декември.

Со оглед на тоа што ќе се игра среде фудбалска сезона, беше неопходно да се направи распоред кој што помалку ќе влијае на одвивањето на сезоната. Така ќе имаме Светско првенство кое ќе трае 28 дена, два дена помалку од вообичаено, што делува занемарливо.

Скратениот распоред ќе доведе до тоа да се играат четири натпревари дневно, наместо вообичаените три. Катар е нешто поголем од српскиот дел на Банат, но скоро сите жители живеат на малиот дел на источниот брег. Малиот простор довел до тоа да се игра на осум стадиони а не на вообичаени за Светско, 12 стадиони.

Сите осум стадиони се наоѓаат десно од портокаловата линија на сликата (подолу), во пет градови кои се суштински дел од една конурбација.

Најоддалечените стадиони ги делат нешто повеќе од педесетина километри воздушна линија, колку Белград и Нови Сад.

Покрај наведените, површината влече уште една низа проблеми.

Современите Светски фудбалски првенства се играат во големи држави во кои може да се патува со авион или со меѓуградска железница. Во Катар речиси целиот сообраќај се одвива по патен, друмски сообраќај, повторно, на многу мал простор.

Од 2008-ма година изградено е и 750 километри железничка пруга.

Во Доха во 2019-та година се отворени три метри линии, а четвртата која исто е предвидена во рамки на подготовките за Светско првенство, се уште доцни. Проектот лесна железничка во Лусаил, град кој допрва треба да биде населен, исто така доцни, зошто требала да биде пуштена во сообраќај годинава.

Иако друмската и железничката мрежа се импресивни за така мала земја, големо прашање е како таа ќе се носи со стотици илјади навивачи и десетина илјади новинари и бројни други лица кои службено ќе престојуваат на турнирот и често ќе бидат во движење, со споменатиот засилен интензитет.

Како втор најголем настан на светот Мундијалот исто така има потреба од ангажирање на огромен број припадници на органите на редот.

Секако, популацијата на Катар расте со огромна брзина и сега е на скоро три милиони луѓе, но само нешто повеќе од 10% од тој број го чинат државјани на Катар.

Катар може да „позајми“ полицајци од други земји, но тоа би можело да биде тешка работа, со оглед на бројните политички судири во кои земјата се наоѓа, поради кои не може да смета на поддршка од Саудиска Арабија, ОАЕ и нивните партнери, напротив, од нив може да се очекува опструкција.

Дури и кога за некое чудо Катар би имал доволно луѓе за обезбедување на целиот настан, се враќаме на проблемот со згуснат распоред кој покрај сигурните навивачки испади, неизбежни ќе ги направи и нивните судири, на пример, меѓу српски или хрватски, англиски или било кои други навивачи.

За проблемот за евтина работна сила веќе нашироко е пишувано, се зборува за илјадници изгубени животи кои системски се заташкуваат, а како работите се интензивираат (покрај споменатата инфраструктура, не се сите стадиони завршени), ситуацијата ќе биде само полоша.

На спротивставените земји на Катар и меѓународните организации им остана уште многу време да извлечат дополнителни адути против организацијата која, покрај наведените проблеми се соочува и со продолжени квалификации кои ќе се завршат и со ждрепка, како и со пандемија.

Уште еднаш, се се одвива среде фудбалска сезона. Премиер лигата го објави распоредот кој предвидува паузата кај нив да почне само недела дена пред почетокот на Светско првенство. И да, 32 репрезентации ќе мора да ги сместат камповите во напрегнати сместувачки капацитети.

Нè чека забавен турнир.

Синиша Вулиќ, Твитер

23 ноември 2021 - 12:13