Ѕвездата на Реал издрибла цела екипа па од фрустрација го искршија

Реал Мадрид под водство на Карло Анчелоти продолжува прави попара во шпанската Ла Лига и после 13 кола е прв на табела со 30 бода (9-3-1) и меч помалку од првиот следбеник Реал Сосиедад. Реал минатиов викенд сњо 1-4 ја згроми Гранада на гости.

Најдобриот тандем во цела Шпанија, Бензема-Винисиус одигра супер меч. Бразилецот даде гол и сега е втор стрелец во лигата со 8 погодоци. Бензема е прв со 10 гола.

Винисиус Џуниор толку многу ги дриблаше фудбалерите на Гранада што овие сфатија дека единствен начин да го сопрат е да му прават груби фаули. После еден таков Мончу си доби црвен картон:

22 ноември 2021 - 10:32