Промашување на годината на сред „Камп Ноу“ во 93-та минута

Репрезентативецот на Швајцарија Харис Сеферовиќ можеше да се прослави и да биде главен јунак на вечерта во Лига на шампиони, но се посрамоти со неверојатен зицер против Барселона среде „Камп Ноу“. Барса и Бенфика одиграа без голови, патникот во следна фаза меѓу овие два тима ќе се решава во последно коло, а Сеферовиќ можеше на Португалците да им донесе голема предност.

Португалскиот тим одигра реми без голови со Барса, па има подобар меѓусебен учинок, но сега ќе мора освен да го победи Динамо Киев во последното коло, да чека помош и од апсолутниот лидер Баерн, најмалку со бод против Барселона за да Бенфика оди во следна фаза.

Реакцијата на тренерот Жорже Жезус кој падна на коленици по промашениот зицер на Сеферовиќ, кој обично рутински ги реализира ваквите шанси.

„Верувајте, 30 години сум тренер, никогаш немам видено нешто слично. За жал, ова ни се случи на мене и на Бенфика. Тимот создаде убави шанси, можевме да победиме и треба да бидеме горди. За жал, работите сега не зависат само од нас во последното коло, но мора да победиме и да си ги задржиме шансите. Нашите навивачи треба да бидат горди на ова издание од тимот“, изјави Жесус.

 

24 ноември 2021 - 00:09