Холандски коментатор со луд коментар за Домагој Вида

Во претпоследното, петто коло од групната фаза на Лига на шампиони Ајакс со пресврт 1-2 славеше во Истанбул против Бешикташ и има 100% учинок со сите 5 победи во групата.

Во преносот на мечот во Холандија, тамошниот контроверзен коментатор Сирд Де Вос пред почетокот на мечот за капитенот на Бешикташ, Хрватот Вида рекол: „Вида инаку не смее да игра во овој термин зошто е премногу грд, а сега деца гледаат телевизија. Бешикташ поради тоа морал да плати и побара посебна дозвола за Вида да игра“.

Холандските коментатори по социјалните мрежи пишуваат дека Сирд Де Вос веќе со години коментира на духовит и апсурден начин, многу често знае да навреди некого, а јавноста е поделена околу него, некои го обожуваат, некои барале од телевизијата да го тргне.

25 ноември 2021 - 08:57