Во Неапол деновиве сè е во сеќавање на големиот Диего Марадона. Откако клубот претстави три нови комплети дресови со ликот и отпечаток од палецот на Диего Марадона произведени од техничкиот спонзор Emporio Armani, сега во Неапол се одбележа спомен на годишнината од заминувањето на Аргентинецот.
На стадионот „Диего Марадона“ и надвор се открија два прекрасни и неверојатни реалистични споменици на легендарната 10-ка која на Наполи му донесе вредни скудета.
На 25 ноември, во четвртокот, на точната годишнина од смртта на Диего Марадона, пред стадионот се појави биста со натпис D1OS како што беше прекарот на Диего.
Овој споменик пред стадионот го открија градските власти а на моментот на откривање заедно со поранешните соиграчи на Диего од Наполи и претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис, дошле и неколку навивачи на Бока од Аргентина.
Иницијатор на целиот проект е поранешниот менаџер, агент на легендарниот Диего, Стефано Чечи. Нему му припаѓаат сите рекламни, авторски права на Аргентинецот. Скулптурата на Марадона е во природна величина, а отисок од левото стапало Чечи направил уште додека Диего бил жив.
Најпосебен момент бил кога му ја ставиле капитенската лента
Bruscolotti le pone la cinta de capitán, Giordano acompaña. Napoles, Estadio Diego Armando Maradona, un año sin el 10pic.twitter.com/IkqDNMJ3IH
— Andres Agulla (@aagulla_espn) November 25, 2021
А во неделата уште поголем спектакл:
Наполи го пречека на домашен терен Лацио и пред средбата беше откриен уште еден неверојатно реалистичен монумент - внатре во стадионот „Диего Армандо Марадона“ кој беше преполн.
Наполи му подари уште еден поклон на Диего - го разби Лацио со 4:0, со два брзи гола уште во првите 10 минути, а три за половина час.
Сонот за прво шампионско скудето на Наполи од 1990-та сега е уште поблизу: екипата е лидер во Серија А, Милан заостана минус три бода по поразот од Сасуоло, а Интер се приближи на минус четири. Ќе биде голема битка за титулата до крајот на сезоната во Серија А.