Фудбал

Крајно смотан автогол го реши црногорското дерби

Фудбалерите на Сутјеска до Никшиќ со 0-1 го совладаа ривалот Будуќност на гости во Подгорица. Единствениот погодок беше автогол на Недељко Пишчевиќ во 62' минута.

Еднаш на 20 години се местат вака коцките пред гол

Лугано го совлада Базел со 3:1 во 3. коло од швајцарското првенство. Алиоски влезе во 56 минута, а голот на мечот и колото го постигнаа гостите преку Албиан Ајети. Направи јак „Ибра потег“, после многу среќна и случајна асистенција.

Луис Суарез за малку ќе го дадеше голот на кариера

Во отсуство на Меси кој закрепнува од повреда, Луис Суарез пробува да го води Интер Мајами ама слабо им оди. Во МЛС лига синоќа Орландо Сити ги развали со 4-1. Суарез одигра слаб меч ама имаше супер обид точно од пола терен.

Ти му ја враќаш од аут, тој гол прима

На дуел од трета унгарска лига меѓу МТК ИЛ и Пенѕуѓер фудбалер на гостите од фер-плеј ја враќа топката од аут накај голман за да продолжи натпреварот после прекин. Ама голманот прима гол и судијата го признава.

Нејмар прави тата-мата, спремен е за репрезентација

Сантос полека влезе во форма и врза две победи. Нејмар игра се подобро и е спремен да добие повик од селекторот на Бразил Карло Анчелоти.

Тројца голмани не го бранат шутов на Барди

Турците ја стартуваа новата сезона. Највисокиот триумф го забележа Коњаспор на гости против Ејуп од 1:4. Енис Барди дебитираше со гол од пенал. Душмански го изведе.

Рашфорд дебитираше пред своја публика со утка на сезоната

Барселона го декласираше Комо со 5:0 во купот „Жоан Гампер“, пријателски турнир кој се игра секоја година од 1966-та во чест на легендарниот претседател и основач на Барселона, Жоан Гампер. По два гола дадоа Фермин Лопез и Ламин Јамал и еден Рафиња. Маркус Рашфорд имаше необјасниво промашување на неговиот прв настап пред навивачите на Барса.

Два прекрасни гола на деби на бисерот на Вардар против Пелистер

19-годишниот крилен напаѓач кој летово од Работнички премина во градскиот ривал Вардар, имаше деби од соништата за црвено-црните. На дербито против Пелистер во петокот вечер Димитар Данев постигна два прекрасни гола, по еден во двата дела. Убав погодок даде и Бразилецот Мато.

Надворешна на денот

На дуелот Круз Азул од Мексико и Колорадо од САД кој завршил 2-2, домашниот играч Валтер Дита постигнал чуден гол кој подоцна официјалните лица му го препишале како автогол на Вејн Фредрик во 43' минута. Мексиканците на крај победиле 5-4 на пенали и одат во четвртфинале на Лига Купот за Централна и Северна Америка.

Па Челси да ни е здрав и жив бре, луѓе

Моизес Каиседо, Марк Кукуреља, Роберт Санчез и Жоао Педро се само некои од играчите за кои Челси на Брајтон му плати стотици милиони фунти. Еден постар новинар го прашува извршниот директор на „галебите“ Пол Барбер зошто ги продаваат најдобрите играчи и тоа само во Челси.

Хет-трик на Роналдо пред старт на сезоната

Саудискиот Ал Наср се наоѓа на подготовки во Европа каде игра пријателски средби. Синоќа изненадно и неочекувано со 4-0 го торпедираше Рио Аве, клуб од татковината на Кристијано Роналдо кој постигна хет-трик. Мечот се играше во Португалија.

Што знае 16-годишно дете што е пласман во Лига на шампиони?

На првиот натпревар од 3. квалификациско коло за Лига на шампиони меѓу Каират од Казахстан и Слован Братислава од Словачка, домаќините добиле пенал во 90' минута при резултат 0-0. Топката на бела точка ја наместил малиот 16-годишен Дастан Сатпаев кој ладнокрвно го совлада голманот на Словаците за победа од 1-0 пред реваншот.

Македонија доби ВАР

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својата страница се пофали дека е промовиран ВАР системот кој за првпат во историјата ќе се употребува во мак-фудбалот, во новата сезона во Прва македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Последното, емотивно збогување на Сони со Тотенхем

Кореецот беше симбол на Тотенхем. Играше 10 години за Спарс, запиша 454 натпревари, постигна 127 гола и освои пехар во Лига Европа. Решил дека сака да се проба и на друго место, па оди на 32 години во САД каде потпиша со Лос Анџелес. Им се обрати на навивачите на Тотенхем за збогум.

Мурињо изгуби, па бркаше муви

Во дербито на вечерта во 3. квалификациско коло за Лига на шампиони, Феенорд со гол во судиско продолжение го совлада Фенербахче 2-1. Жозе Мурињо имаше поволен резултат до последните секунди од средбата. Сега го чека реванш во Истанбул. После дуелот, на прес-конференција бркаше муви.

Како тоа мислиш Сон да им помогне на САД да освојат Светско!?

Најдобриот корејски фудбалер, Сон Мин е нов фудбалер на Лос Анџелес во МЛС лигата во САД, откако изненадно реши да го напушти Тотенхем. На претставувањето, членка на Градскиот совет на Лос Анџелес, Хитер Хут го прашала Сони дали може да им помогне на САД да го освојат Светското првенство 2026 кое се игра во САД, Канада и Мексико.

Срамна тепачка на пријателска Комо - Бетис

Двата клуба кои летово се зближија ептен со неколку трансфери во двата правци, некако ја расипаа калимерата на пријателска средба пред почеток на новата сезона. На познатиот турнир „Жоан Гампер“ организиран од Барселона, пред полувреме на мечот Комо - Бетис, изби голема и масовна тепачка. Иско и Ло Селсо револтирани од неколку остри старта над нив се побуниле и настанал хаосот. Сеск Фабрегас се скарал со фудбалерот Рикелме.

Меси го нема, ама тука е Суарез - Интер Мајами во четвртфинале

Интер Мајами конечно заигра како треба и со 3-1 на домашен терен го совлада мексикански УНАМ во нокаут фазата од КОНКАКАФ Лига купот. Лионел Меси не играше поради повреда поради која ќе паузира околу 2-3 недели, но затоа неговото отсуство го надополни Уругваецот Луис Суарез кој постигна еден и асистираше за два гола на Интер Мајами.

Трансфер пазарот на Њукасл летово во едно видео

Премиерлигашот кој зад себе го има најбогатиот државен фонд на светот, оној на кралството Саудиска Арабија, во последно време не може да убоде ќоро зрно на трансфер пазарот. Сè што побараа или ги одби или им избега, или не знаат како да го доведат. Сега последно Манчестер Јунајтед изгледа пред нос им го зема најбараниот европски фудбалер високиот Бенјамин Шешко од РБ Лајпциг.

Што маказа направи бе мајсторе?

На еден турнир во Индија, извесен Ајен Монгба од клубот Нагаланд постигнал страшен гол. Сигурно загарантиран кандидат за гол на сезоната и наградата „Ференц Пушкаш“.

Кој последен се смее, најслатко се смее

На младински фудбал во Тајланд веќе неколку пати се случува иста епизода. Изгледа не учат од лекциите.

И Мурињо не е од камен - се расплака на прес конференција

Од Португалија стигна уште една тажна вест, дека поранешниот долгогодишен капитен на Порто и португалски репрезентативец Хорхе Коста починал на 53-годишна возраст откако му се слошило во тренинг центарот на Порто. Жозе Мурињо кој му беше тренер на Коста кога сензационално освоија Лига на шампиони во 2004-та година, се расплакал на прес-конференција. 

Кој премиерлигаш колку потроши досега летово?

Ливерпул се чуваше претходните преодни рокови и го стегна каишот, ама летово се отвори на големо и потроши досега 252 милиони фунти со отворена можност да пазари уште некое засилување. Челси е втор, а тука се уште и Арсенал и Сити.

Какво прашање таков одговор

Колумбиецот Џон Дуран има 21 година а веќе има сериозна кариера. Со Астон Вила играше во Лига на шампиони каде забележа неколку добри настапи. Набрзо отиде за рекорден трансфер во Саудиска Арабија и потпиша за 77 милиони евра во Ал Наср кај Кристијано Роналдо. После само неколку месеци се врати во Фенербахче каде ќе игра како позајмен играч. Еден турски новинар тргнал да го интервјуира пред подготвителен натпревар на Фенер, Колумбиецот не разбира турски па одговорот беше: