Фудбал

Пеп со краток одговор на незгодната шега на Арне Слот

Мохамед Салах после големата победа над големиот ривал Манчестер Сити од 2:0 во која учествуваше со гол од пенал, на прашање дали има нешто за неговиот договор со Ливерпул рекол „не знам, можеби ова беше мој последен домашен меч против Сити“. Тренерот Арне Слот ја објасни оваа изјава со шега: „Можеби Салах знае нешто за исходот на обвинението по 115 точки за Сити па мисли дека нема да бидат во Премиер лига догодина“. Пеп со краток одговор:

Нов спектакуларен гол на Мемфис Депај во Бразил

Холандскиот напаѓач направи чуден трансфер на 30 години од Европа, каде играше за гиганти замина во Коринтијас. Ама па му тргна. Сезонава има 6 гола од кои два му се лудница од слободен удар. Деби голот ќе го памети цел живот, ама и овој против Бахиа не му е воопшто лош.

Трите асистенции на Јамал сезонава се со Л2

На 17 години обично никој не игра вака фудбал, посебно не во сениорска конкуренција и тоа на натпреварувања како Ла Лига и ЛШ. Ламин веќе има 6 гола и 9 асистенции. Три му се идентични, со веќе може да кажеме неговиот препознатлив фелш кој му лежи како НБА на Јокиќ.

Два вонсериски пасови на Јамал во рок од 5 минути

По серијата од три меча без победа во Ла Лига, Барселона и се истури на Мајорка со 1:5. Ламин Јамал не даде гол, ама намести еден на маестрален начин, а после 5 минути блесна со ист таков ненормално јак фелш. 17 годишната сензација сезонава има девет асистенции. Никој не додава како него.

Првиот црвен картон во кариерата на Мануел Ноер

По 20 години кариера, 769 настапи за клуб и 124 за репрезентација, легендарниот германски голман за прв доби директно исклучување. Црвениот картон го заработи во полето каде што обично многу сака да игра со топка, а тоа е надвор од шеснаесетникот. Згора на сè, Баерн е исфрлен во осминафиналето од Купот од актуелниот германски првак, Баер Леверкузен.

Види го ти Бекам каква пица правел

Бекс веќе долго време живее и работи во САД. Претседател е и ко-сопственик на клубот Интер Мајами каде играат Меси, Суарез, Бускетц и Жорди Алба и каде од вчера нов тренер е Хавиер Маскерано. Ама Бекам сега се покажа и во кулинарско светло:

Ферски

Осасуна игра одлична сезона и е на високо 7-мо место во шпанската Ла Лига со 23 освоени бода, на само три помалку од местото кое води во Лига на шампиони. Осасуна синоќа одигра 1-1 кај Севиља на гости а после мечот 10-та на Баскијците, Аимар Ороз (23) знаел не кое дете да го подари дресот. На победникот од лист-камен-ножички.

Добра статистика на куче кое заигра во Уругвај

На натпревар меѓу Рампла Хуниорс и Вандерерс во уругвајската прва лига, еден пес решил да потрча по топката како и другите фудбалери. За 30 секунди имал неколку контакти, додавање и добил овации од гледалиштето.

Голман со гол го побудале стадионот

Англискиот нисколигаш Лејтон Ориент успеа да се пробие до 3-та рунда во ФА Купот откако со 2-1 во луд меч го совлада Олдам Атлетик. Прво гостите дошле во водство во 47-ма минута. И воделе дури до 90+9' минута од судиско продолжение кога голманот на домаќините Џош Кили (позајмен од Тотенхем) постигнал прекрасен гол со глава и изборил продолженија. А таму Дан Агиеи им донел победа на домашните со погодок во 121-ва минута од продолженијата.

Топка заврши во публика и направи непроценливо голема штета

Ова се гледа сега, па за 1.000 години. Ќе има и забавена снимка од инцидентот во кој загинаа две пива на две жедни души. Кој ќе ја плати оштетата?

Најјакиот црн хумор со Питер Крауч

Некогашниот расен голгетер на англиската репрезентација и на Тотенхем, Ливерпул и други англиски клубови, Питер Крауч (43) важи за еден од најјаките зафрканти на англиската сцена. Крауч е духовит, знае да прави шега на своја и на туѓа сметка, ама овојпат нешто и него му дошло претерано.

Голот е велемајсторски кога соиграчите се држат за глава

Франческо Фолино од Јуве Стабија е сам свој мајстор на италијанската второлигашка пресметка против Читадела. Ќе го памети евроголов и тој, а богами и тие околу него.

Никој не бил така исвиркан на „Олимпико“ како синоќа Ѕаниоло

Во дербито на вечерта меѓу Рома и Аталанта на затворање на 14. коло од Серија А, гостите од Бергамо славеа заслужено 0:2. Главен момент на мечот беше влегувањето во игра на некогашниот бисер на Рома Николо Ѕаниоло кој во многу лоши односи си отиде од Рим. Навивачите на Рома го свиреа жестоко кога влезе во игра во 64-та минута а тој им одговори со гол со глава во 89-та минута за победа 0-2.

Мурињо зграби како вреќа свој помошник

Се чини дека Жозе Мурињо полека ги скоцка работите во Фенербахче и фати чекор во трката за титулата со Галатасарај. Фенер сега е втор со 32 бода, а вечниот ривал е прв со 35 бода. Синоќа Фенербахче победи 3-1 против Газијантеп а Мурињо грубијански го влечеше својот помошник при еден прекин, со цел да се концентрира на тактиката а не на прекинот.

Танцот на Гризман во забавена снимка

Елегантниот Французин до толку има чувство за топка што понекогаш делува како балерина на сценски настап. Милина да го гледаш.

Топ 10 тренери без клуб

Ако некоја екипа остане без тренер, а сака адекватна или подобра замена, сигурно дека ќе ја најде во текот на оваа сезона. 

Контра напад во селска лига рамна на пародија

Прво имаше фаул на центар, ништо. Па стоперот истегна мускул, пак ништо. Врвот е се разбира пред гол, каде има и гледач во поминување кој пази, кучето си го шета. Сакате утеха? Во Полска е ова, не е кај нас.

Гатузо од радост рогаше топки во публика, Ракитиќ се соблече гол во кафана

Најголемиот темперамент меѓу италијанските тренери, спобудале од радување по последниот свиреж на големото хрватско дерби. Се појави снимка и од славејто после натпревар.

Полека бре, судијата го потепавте

Во дербито на 13. коло од француската Лига 1, Марсеј губеше 0-1 од Монако пред повеќе од 50.000 свои навивачи но на крај направи пресврт и славеше 2-1 со голови во 53-та минута и во 89-та минута од пенал. Претходно во првиот дел, во 20-та минута десниот бек на Монако Бразилецот Вандерсон го покоси линискиот судија кој при пад се повреди и го скрши знаменцето. Проба да продолжи да суди но не можеќе и побара измена.

Со грб бе ја штопна

Рајс Нелсон од Фулам на средбата со Тотенхем, се справи со топката на скроз неочекуван и ретко виден начин.

Вие оправајте се со судијата, на Салах му е гајле

Мохамед Салах игра во фантастична форма. Тој постигна гол или намести гол на секој од последните 8 натпревари против Манчестер Сити (6 гола и 4 асистенции) со што покажа дека англискиот шампион му е омилена мета. Синоќа во големото дерби на „Енфилд Роуд“ погоди од пенал во 78-ма минута. Пред пеналот додека ривалите се расправаа со судијата за одлуката, Мо си жонглираше.

Аца Лукас раскажува за забавите со Пандев

Славниот српски пејач ја открива банкнотата која Пандев му ја лепел како башкиш повеќе пати во една вечер, кога го викал да му пее во Струмица. Инаку прво мислел дека е Бугарин.

Фудбалер на Фиорентина колабираше на терен, јавноста преплашена

Потресни сцени се случуваа на мечот Фиорентина - Интер во вечерниот термин од 14. коло во италијанската Серија А. Младиот фудбалер Едоардо Бове се сруши на теренот и итно беше префрлен во болницата. За среќа брзо се повратил и самостојно дишел.

Плејстејшн акција на Атлетико Мадрид, пируета на Гризман

Атлетико Мадрид го прегази Ваљадолид на гости со 0:5. Одиме веднаш на четвртиот гол на Антон Гризман кој си поигра во шеснаесетникот до толку атрактивно, што и домашните навивачи му ракоплескаа.