Фудбал

Очајниот потег на Роналдо познат од Белград

На сето реноме, слава и успеси кои ги има и ужива во кариерата и животот, малку некапитенски е ова од страна на Кристијано, гест кој го повторува два пати. Прво против Србија во квалификации, а сега и на Европско после елиминацијата од Белгија. Ја фрла капитенската лента на земја, па ја шутираше.

Модриќ ја повтори на тренинг магијата против Шкотска

Ремек делото на човекот кој ја одбележа 2018-та и ги собра сите најпрестижни награди, убаво е да се види и на тренинг. Не може секој да изведе ваков удар па уште и мајсторски во агол. Нека му ја мислат Шпанците.

Ибра, дојди на мостот на Дрим

Асот на Милан ужива на својата јахта на Сен Тропе, а музичката подлога му е непроменета. Си тера во свој ритам.

Цела Јужна Америка му се смее на голманот на Венецуела

Перу ја совлада Венецуела со 0:1 на гости во Копа Америка, а голманот реагираше како да е крај на светот што примил гол. Па дури и да се подзагрижи човек на реакцијава.

Томаш Холеш - интересниот јунак на Чешка кој ја реши Холандија

Со гол и асистенција за гол главен херој на сензационалната победа на Чешка над Холандија од 0:2 беше Томаш Холеш кој игра во средниот ред и кој го почна Европското од клупата за резерви.

Пепе касапот

Не се ништо ново овие дуел игри на ветеранот на Порто кој со таа стара коска, нејќеш да ти влезе на 38 години. На стрелецот на голот, Торган Азар му влезе намерно и доби само жолт картон, а потоа следуваше стандардна реакција со кренати раце, демек не го пипнав.

Елиминација за Португалија, четвртфинале за Белгија против Италија

Завршува авантурата на актуелниот европски првак на ЕП 2020. Ја издржаа групата на смртта и ја победија само Унгарија, но не излегоа на крај со моќниот состав на Белгија, инаку селекција број 1 на рангот на ФИФА. Човек на одлука, Торган Азар.

Проектил на Азар за водство на Белгија на полувреме

Белгија има 1:0 по првите 45 минути во Севиља во кои видовме поприлично здодевен фудбал со бавно темпо и многу калкулации. Но затоа тука е Азар да го скрши мразот со еврогол во 42-ра минута, ама брат му Торган Азар од Борусија Дортмунд, а не Еден.

Што е со приемов на Погба?

Франција се загрева за утрешната четвртфинална осминафинална битка против Швајцарија, а камерите уловија магија на нивниот тренинг во изведба на Пол Погба.

Падна првото изненадување во осминафинале, Чешка ја исфрли Холандија

Селекцијата која беше фаворит во нашата група и која се чини дека доби лесен противник во нокаут фазата, предвреме се простува од Европското првенство. Црвен картон за Де Лихт, победа од 2:0 за Чешка. Во четвртфинале оди на Данска.

Нема веќе вакви дефанзивци

25 сезони во Италија, сите во Милан со кој освои 25 трофеи од кои 7 Скудета и 5 ЛШ. Синоним за Милан и селекцијата на Италија за која има 126 настапи, 4 учества на Светско и 3 на Европско првенство. Паоло Малдини денеска полни 53 години и е идол на многу генерации. Погледнете ги овие 33 секунди за да го сфатите насловот.

Боби Милевски и официјално е нов селектор на Македонија

По пет и пол години работа и испишување на историја за македонскиот спорт, Игор Ангеловски и дефинитивно ја завршува селекторската работа во македонската фудбалска репрезентација. Ќе го наследи селекторот на У-21.

За Пандев треба да има проштален натпревар на Градски: Македонија против неговите пријатели од Серија А

Шпалирот и овациите на Јохан Кројф арената и тоа на сред Европско беа топ, да се разбереме, ама нешто ни фали. Сепак легенда испраќаме, а не било кој друг играч.

Видовте ли кој е голман број 2 во групната фаза според одбрани?

Позитивниот впечаток кој го остави Македонија на дебитантското Европско првенство го измерија по повеќе параметри, а меѓу нив не смееме да го заборавиме и голманскиот.

Каква чест за Горан и Џани, ги сместија во топ 11 на ЕП

Не спласнува темата “Македонија на Европско првенство“, а задоволството е големо кога ќе се прочита вакво нешто во странскиот печат. Овие момци не успеаа да победат на ниту еден натпревар, ама ги освоија срцата на многумина.

Како тоа им ја протна на четворица кроз нозе и даде гол?

Младиот Такефуса Кубо, член на Реал Мадрид и позајмен во Хетафе, даде чудо од гол за Јапонија. За гол кроз нозе со маалски речник се вели “ова два се брои“, а за ова тунелов кажете вие.

Сите 38 гола на Пандев за Македонија

Газета дело Спорт синоќа соопшти дека Џенова му понудила нов договор на Горан Пандев, кој на 27-ми јули полни 38 години. Ете таква величина имаме. Не сакаат да го пуштат во пензија Италијанците. Додека тој размислува што понатаму и дали ќе игра фудбал до 2022-ра, одиме со неговиот рекорден голгетерски учинок за македонската репрезентација. 20 годишен времеплов за уживање.

Кој со кого во осминафинале?

По 13 дена европски фудбал во кои паднаа 55 гола или 2,3 во просек и кои ги следевме со голема страст и љубов поради деби перформансот на Македонија, конкуренцијата од 24 селекции се намали на 16. Таму нема повеќе простор за калкулации од типот, полека, 2:2 ќе си ја држиме.

Чудесното додавање на Фирмино до Нејмар, кој утна празен гол

Бразил има 3 од 3 во Копа Америка, ама последниот триумф над Колумбија од 2:1 го оствари на иле. Во голот за израмнување учествуваше судијата, а победничкиот падна во 10-тата минута од продолжението. Инаку пасот на Фирмино е баш бразилски.

Последниот емотивен поздрав од капитенот до селекторот

„Шефе, благодарам е малку да ти кажам, Вие го сплотивте цел македонски народ, направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг“.

Португалија - Франција 3:2

Тонч во 95-та минута, па после овој тргна во контра напад да израмнува.

Џани Алиоски го посети родното село Црнилиште

По завршувањето на европската авантура, македонскиот репрезентативец дел од одморот реши да го помине во прилепскиот крај, каде начека и турнир во мал фудбал.

Изненадување од Панини со нова сликица од Пандев

Ако помисливте дека Панини треската заврши во Македонија, сте се заебале. Се појави нова посебна сликица од нашата легенда која вреди да се има.

Левандовски ја искрши пречката со глава

Не беше драматично синоќа само во Г групата, туку и претходно во Е каде Шведска ја совлада Полска со 3:2 и тоа со гол во 94-та. Пољаците беа со свои шанси за осминафинале, Левандовски даде два гола, ама во прво промаши од позиција која е локум за него. Ај првиот, ама вториот удар?