Фудбал

Срамен пораз на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација ја заврши сезоната во Лига на нации со неочекуван пораз од Бугарија од 0:1, селекција која ја доминиравме на првиот дуел во Разград и која ги нема реномето и квалитетот што ги имаше. Бледа игра на момците на Милевски од кои се очекуваше многу повеќе.

Свирежи за химната на Бугарија од почеток до крај

И покрај тоа што ги загубивме шансите за првата позиција во група, дуелот меѓу Македонија и Бугарија во последното коло од Лига на нации ги наполни северната и јужната трибина на Градски. Бугарите се соочија со жесток пречек уште при интонирањето на химната.

Очајот на Мбапе против Данска во 15 секунди

Светскиот првак во последно време не изгледа на таков. По 6 кола има само една победа во Лига на нации. Синоќа загубија 2:0 од Данска, а Килијан Мбапе „се истакна“ со двата најлоши шутеви во кариерата, како и најлошиот дриблинг.

Голманот на Јувентус уште пуши цигари

Искусниот триесет и две годишен полски репрезентативен голман Војчех Шчесни во моментов е со својата селекција каде игра натпревари од Лига Нации и се спрема за Светското првенство. Шчесни по богатата кариера во Арсенал, бранеше за Брентфорд и Рома пред да дојде во Јувентус. Секаде го следеше муабет дека пуши цигари, а сега тоа го потврди и полскиот селектор.

Што викаат Бугарите пред мечот со Македонија во Скопје?

Натпревар без преголем резултатски императив за двете селекции зошто Грузија веќе го освои првото место во оваа група, но секако одлична појдовна точка за борбите кои следат на патот кон Европско првенство 2024.

Интересна објава по историска победа на Фарски Острови над Турција

Репрезентацијата на Фарски Острови ја забележа најголемата победа во својата историја откако во последно коло од 3. издание на Лига Нации ја совлада Турција со 2-1. За Турците ова со сигурност е најголема бламажа откако играат фудбал.

Весел пречек на капитенот на Македонија за Бугарите

Ги чекаме вечерва на Градски со почеток од 20:45 во натпревар без некоја резултатска важност, туку чисто да им покажеме дека сме појаки. Стефан Ристовски нема да игра поради повреда, ама им заигра на Инстаграм со нивниот најголем и најактуелен хит. Рокајте звучките.

Светско првенство 2030 би можело да се игра во Саудиска Арабија, Грција и Египет

Веќе се познати некои од кандидатите за организација на Мундијал 2030. Европската јавност со две раце би гласала за сојузот Шпанија-Португалија-Мароко, но нешто се прашуваат и Саудиска Арабија-Египет и Грција. Од каде овој чуден спој?

Најнежниот коментатор на сите времиња

Има работа и за овој ај ти. Може карлинг да коментира, скокови во вода и ритмичка гимнастика, а исто и веслање и едрење. Слушнете го како гали со гласот.

Прејак карамбол во Аргентина кој заврши со џандари на терен

Хаосот пред гол се случува во третата аргентинска лига и во еден момент глупост прави тој со број 2 покрај статива. Ја расчистува опасноста пред гол, ама со шут кон својот гол и гаѓа соиграч во рака. Судијата вели пенал. Ќе се заколеа.

Зинедин Зидан падна од коњ ама во елегантен стил

Легендарниот Зизу после еден рид трофеи освоени во кариерата како играч и како тренер, веќе извесен период ужива во слободното време. Сега излезе видео на кое Зидан во една ергела коњи јава еден коњ и наеднаш паѓа но елегенатно како на фудбалски терен, со стил.

На Слободен им поништија гол каков што нема да видите цела сезона

Новата скопска фудбалска приказна од Кисела Вода, викендов и официјално почна да се испишува. Дебитираа во четвртата лига со пораз во Долно Лисиче од Победа. Скоро им правевме интервју, ама не се пофалија дека го купиле и Златан Ибрахимовиќ.

А го видовте ли лобот на Меси за Аргентина?

Аргентина одигра пријателски натпревар против Хондурас кој го доби со 3:0. Еден гол даде Лаутаро Мартинез, два Меси од кои едниот го можат само мајстори.

Седи Лотито, денсов ти е најлош на свет

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито се проба на подиум, ама подобро нека се врати во фотеља.

Како се правеше заедничката фотографија за историското Европско

Како велат, и фудбалерите се луѓе кои прават заебанции и секој сака да ги види какви се кога уште не се вклучени камерите за интервју или не е почнат натпреварот. Налетавме на снимка од Европското кога се собираат за сликање. Горан најрасположен.

Македонија ѝ подари победа на Грузија, во Тбилиси пораз од 2:0

Македонија вечерва на преполната „Тбилиси Арена“ во главниот град на Грузија имаше 19 наспроти 8 шута, поголем посед, 9 корнери наспроти 3 на Грузија, поголема контрола но и два кикса кои скапо ја чинеа нашата селекција. Грузија - Македонија 2:0 (1:0).

Доктор за шева Бускетц - ја крие топката, нема земање

Шпанија ја чекаат два клучни натпревари за да го задржи првото место во група во Лига Нации: против Швајцарија и против Португалија. На тренинзите на селекцијата на Луис Енрике доминира капитенот на Барселона, Серхио Бускетц.

Федерико Валверде е ова или Мики Маус?

Фудбалерот на Реал Мадрид тука треба да е влезен во пубертет, ама уште не му е измутиран гласот. Како издржа репортеркава да не прсне, ние рикаме.

Трите опции на Македонија за освојување на првото место во група

Ремито против Бугарија на гости или дебаклот дома со Грузија, како сакате, Македонија ќе го плати скапо во ова издание на Лига на нации. Потребно е чудо за да остане во игра за ЕП 2024.

Преубав текст на италијански Скај Спорт за одисејата на Пандев

Можеби најголемиот спортски медиум во Италија, Скај Спорт во посебна, подолга статија и репортажа за најдобриот македонски фудбалер во историјата, го испофали Струмичанецот.

Сите голови и асистенции на Пандев во дресот на Македонија

Неговиот долг, блескав и неповторлив репрезентативен пат почна во Бурса на 6 јуни 2001, а заврши на 21 јуни 2021 во Амстердам со исполнет сон, а тоа е настап со својата земја на голема сцена. 20 години посветеност, пожртвуваност, пот, емоции. Гол вреден пласман на Европско, а потоа и прв гол на Европско. Апсолутен рекордер со 122 настапи и 38 погодоци. Тоа е Горан Пандев. Поклон до земја.

Голчиште од преку 70 метри

Во Лига Купот на Северна и Централна Америка, Реал Солт Лејк изгуби 1-2 од мексикански Атлас. Домаќините поведоа 1-0 со фантастичен гол на Арон Ерера. На крај гостите го свртеа резултатот и победија 1-2 ама голчиштето на Арон ќе се памти.

Пази ова, Мурињо се појавува во спот на британски рапер

Пуштете ја одма „Mel Made Me Do It“ од Стормзи и гледајте кој е во спотот, ако не му верувате во насловот. И тоа го има со една од неговите најпознати изјави. Што нема да дочекаме од човеков.