Се работи за Рафаел ван дер Варт, кој го паметиме најмногу од времето кога настапуваше за Реал Мадрид и Тотенхем, како и селекцијата на Холандија за која има 109 настапи и на СП 2010 играше во финале против Шпанија.
Вад дер Варт присуствувал во Скопје за да ја гледа во живо сопругата Естевана Полман на мечот Холандија - Црна Гора.
Ракометарките на Холандија ја декласираа Црна Гора со 42:25 во натпревар без резултатско значење, бидејќи Црна Гора заедно со Франција обезбеди полуфинале на ЕП.
Поранешниот холандски фудбалер прво бил незабележан во салата Борис Трајковски, но кога го откриле почнале да фрчат селфија.
Ван дер Варт е двократен првак со Ајакс каде играше најдолго во кариерата, а за Реал Мадрид настапуваше две сезони во кои го освои Супер Купот на Шпанија во друштво на Касиљас, Раул, Робињо, Ван Нистелрој, Робен, Рамос, Гути, Игуаин...
Ги носеше дресовите и на Хамбург, Реал Бетис, Митјиланд и во моментов работи како асистент тренер во данскиот третолигаш Есбјерг. Генерација е со Пандев 83-та.
ФОТО: Игор Паневски