Во Иран на 16-ти септември починала млада 22-годишна девојка која претходно била испитувана во полициска станица за кршење на некое од правилата за носење хиџаб. Според некои медиуми, девојчето подоцна починало во болница како резултат на прекумерна употребена сила од полицијата.
Во меѓувреме официјалните власти во Иран објавија снимка на која се гледа млада девојка како сама паѓа во простории на полициска станица. Сево ова беше причина во Иран да се кренат протести во знак на солидарност на починатата девојка и во знак на борба за правата на жените.
Овие настани одредени медиуми ги користат во пропагандни цели, па така мешаат политика и спорт па го закачнаа и селекторот на Иран, Португалецот Карлош Кеирош. Дали неговите фудбалери смееле да изразат протест за слобода на говор.
„Иран е точно исто како вашата земја. Го следи духот на играта и законите на ФИФА. Така се изразуваш во фудбалот. Секој има право да се изрази себеси.
Вие дечки во Англија клекнувате на колена на натпреварите. Некои луѓе се согласуваат со тоа, некои не се согласуваат со тоа. Исто е и во Иран.
Сулудо е да се мисли дека репрезентацијата на Иран пати од некакви си проблеми (да се искаже), играчите имаат само едно нешто на ум а тоа е да се изборат за нивниот сон да се пласираат во втора рунда“, културно одговори Карлош Кеирош кој долги години му беше помошник тренер на сер Алекс Фергусон во најубавите времиња за Манчестер Јунајтед.
Пред да ја напушти прес-конференцијата, Кеирош одново беше потпрашан од новинарот дали е тој лично океј со тоа да претставува земја „која ги задушува правата на жените“.
Кеирош се врати на микрофонот и одговори:
„Колку ќе ми платите да ви го одговорам тоа прашање? Колку ќе ми платите? Вие сте нели приватна компанија, зборете со вашиот шеф и на крајот од Светското првенство јас можам да ви одговорам ако ми дадете добра понуда. Не ставајте ми ги во уста зборовите кои не сум ги кажал. Прашувам колку пари давате да ви одговорам? Помислете што се случува во вашата земја со имиграцијата“.
Во објавата на видеото СкајСпорт додава опис дека Кеирош рекол дека неговите играчи смеат да се изразат за смртта на младата девојка Махса Амини поради која се кренал бунт во Иран, но португалскиот тренер ниту еднаш не го спомена нејзиното ни кое било друго име.
Iran head coach Carlos Queiroz says his players have the right to protest amid the death of Mahsa Amini, who died while in the custody of the morality police for wearing her hijab too loosely. pic.twitter.com/7MkqUtkWQ6
— Sky Sports News (@SkySportsNews) November 15, 2022