На легендарниот Серхио Кун Агуеро кој одлетал за Катар да ја бодри својата Аргентина, му се паднало да се најде во авион со бразилски навивачи, едни од најгласните на секое Светско првенство. Главата му ја растропале цел пат. Среќа што го познава јужно-американскиот менталитет па некако истрпел.