ЕСПН објави клип на кој јасно се гледа како се отстранува големиот постер од Роналдо на Олд Трафорд, по што човек веднаш помислува дека тиквата е скроз пукната и веќе нема назад.
Manchester United have begun taking down a mural from Old Trafford 👀 pic.twitter.com/QkOczvbM0R
— ESPN FC (@ESPNFC) November 16, 2022
Скајспорт вели дека ова се случува на денот кога излезе цело видео парче од првиот дел од интервјуто на Роналдо во кое ги критикува клубот и тренерот.
На ист начин го поврзува постерот со интервјуто и Дејли Мејл
Пирс Морган го опиша гестот на Манчестер Јунајтед како ситен.
Но goal.com вели нешто сосема друго за разлика од многу медиуми на островот.
Џиновската слика на која се наоѓа Роналдо заедно со Дејвид Бекам и Брајан Робсон, Манчестер Јунајтед секако планирал да ја отстрани оваа недела, поради финалето на Светскиот куп во рагби кое се игра во сабота на Олд Трафорд.
Првиот дел од интервјуто на Роналдо само во првите 12 часа го гледале 4 милиони луѓе.
Wow. 4 million people have so far viewed Pt 1 of my @Cristiano interview on our YouTube channel...in just 12 hours. This will end up being the most-watched football interview in history.
— Piers Morgan (@piersmorgan) November 17, 2022