Фудбалерите на Арсенал со 5:1 го елиминираа Сандерленд во Лига Купот, а најатрактивната игра еден на еден ја имаше Николас Пепе, кој го понижи противникот.
Еди Енкетија е роден во Лондон, почнал да тренира фудбал како мал во Челси но од 2015-та, доаѓа во школата на Арсенал каде ги помина сите младински категории. Дебитираше во 2017-та за прв тим против Бате Борисов во Лига на шампиони кога влезе од клупата. А синоќа во англискиот Лига Куп даде три гола во победата на Арсенал од 5-1 против Сандерленд.
Со головите на Папу Гомез и Араухо, Севиља и Барса одигра 1:1, резултат кој најмногу му одговараше на есенскиот шампион Реал Мадрид. Головите паднаа во првиот дел, а домаќините половина час беа со играч помалку поради заслужениот црвен картон на Жил Кунде.
Ромарио де Соуза Фариа, легендарниот бразилски фудбалер кој со 750 голови на официјални натпревари важи за еден од најдобрите голгетери на сите времиња, има 50 години. За Роналдињо (41) исто не треба да се кажува многу, се е веќе познато. Ама малку е познато дека двајцата играат на еден ревијален турнир во фудбал (сервис) на плажа. На еден меч Рони му асистира на 1,67 сантиметри високиот Ромарио кој ја забива топката со глава.
Прво се истакна со микс на јавни личности кои ги смести во клип насловен како „фудбалски коментатори“ и денот ни го направи. Го следевме и го чекавме пак да извади нешто поврзано со спорт. Абе го има. Браво дечко.
Натпреварот е школски во Јамајка, а извонредниот прием, движење на тело и волеј се на Рахим Браун. Детево не би требало да заврши со фудбал после школските денови.
Рони веќе неколку години е сопственик на шпанскиот клуб Ваљадолид, а сега сака да му помогне и на неговиот најсакан клуб кој го лансираше во ѕвездите уште од рана младост.
Покрај за Македонија, Димитриевски брани во топ форма и во клупска конкуренција, а тоа одлично се гледа и по резултатите на неговиот тим. Оваа сезона има примено помалку голови од Тер Штеген и Јан Облак, а Рајо е на фантастичната четврта позиција пред Атлетико и Барса.
Во еден постар дуел од азиската Лига на шампиони меѓу Ал Џазира од Абу Даби и Ештеглал од Иран, голманот на Ал Џазира Али Хасеиф направи своевиден подвиг откако два пати додека ја чистеше топката од пред својот гол, ја опна камерата која снима од воздух. Од преку 50 метри два пати погоди 30-инчи камера. Најпрецизен голман на светот.
Одбраната на Милан веројатно не очекуваше гол од Елмас со глава, нешто што не му е специјалност, па го потценија за време на корнерот. Го чува Сандро Тонали, а не некој од дефанзивците, а во празно скока и Ибра. Навивачите на Наполи се во делириум.
По долгата пауза поради која не успеа да заигра ниту на Европското, Илија Несторовски почна да добива по некоја минута за Удинезе. Голгетерската форма се обидува да ја врати со напорни тренинзи, а на последниот даде 6 гола. Првиот и последниот мајсторски. Кифла и лоб удар.
По ерата на Меси, Барселона тргна практично од почеток да ги гради темелите. Новиот тренер Чави од коло во коло става млади фудбалери кои му враќаат со голови. Меѓу нив се Феран Џутлга Блан, Нико Гонзалес, Абде Езазлули, Алехандро Балде Мартинез и други.
Најомразените ривали во турскиот спорт немаат одиграно едно меѓусебно дерби а на терен да не лета сè и сешто. Еднаш така Емре Белозоглу тргна да го изведе најневозможниот корнер во Турција.
Стратегот на Наполитанците кој му дава најмногу минутажа и слобода на Елмас, воопшто не штеди зборови за македонскиот репрезентативец. Пофалбите за него се врвни. Доби оценка 7,5 и коментари од типот: Одигра натпревар како вистински марсовец!
Капитенот на Македонија, Стефан Ристовски му пишува порака на Елиф Елмас пред големата битка во Серија А. Елмас му одговара со сеќавање на еден емотивен момент. Е тоа е фудбалот.
Само 10 дена откако со два комада го однесе Наполи во нокаут фазата од ЛЕ, Елиф Елмас е главен протагонист и на дербито на колото во Серија А, кое го реши со еден потег.
Фудбалерите на Севиља го добија дербито на колото против Атлетико со 2:1 и останаа на втората позиција зад Реал со -5. Резултатот го отворија по само 7 минути игра со спектакуларен погодок на Иван Ракитиќ.
Кога овој човек играше во форма, тоа беше нешто посебно и уникатно за гледање. Секогаш кога ќе фатеше топка, требаше да си на штрек да не направи некој потег за клип. Во негово време беше најјак во свет. Компилацијата е самба. 14 гола за Барса и 4 за Милан.
Дојде време за сумирање, а меѓу првите тоа го направија во фудбалскиот шампионат во Казахстан. Голот на годината го прогласија оној на Давид Атанаскоски, член на Шахтар Караганди. И тоа пази, лев бек е, а ја офука на прва како никој. Претходно играше за Македонија Ѓорче Петров.
Во седиштето на УЕФА во Нион беше одреден распоредот на натпревари за новото издание од Лига на нации за сезоната 2022/2023. Во јуни месец за секои три дена натпревар.