Пред овој пријателски натпревар, македонската фудбалска репрезентација ги прокоцка шансите за пласман на уште едно Европско првенство. Во група со Грузија, Бугарија и Гибралтар, на вкупно 6 меча победи само два пати.
Ако се изземат оние 6 гола против аматерите од Гибралтар, Македонија во двомеч пресметките против Грузија и Бугарија постигна само еден гол. Селекторот синоќа на прес конечно призна дека реализацијата претставува проблем и мора да се поправи.
Втората шанса за ЕП 2024 се редовните квалификации, но паднавме во претешка група.