По завршувањето на Лига на нации кои ги завршивме неуспешно, македонската фудбалска репрезентација ќе се обиде преку редовните квалификации да стигне до ЕП 2024.
Денешната ждрепка во Франкфурт ни донесе пеколно тешка група и тоа со Италија и Англија, инаку финалисти од минатото Европско, а другите две селекции се Украина и Малта.
Квалификацискиот циклус е закажан за периодот март - ноември 2023, а директно одат првопласираните две селекции.
Селекторот Благоја Милевски даде коментар за групата Ц.
“Фудбалски предизвик за сите нас. Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме. Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа. Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата. Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе”.
The Euro 2024 qualifying draw is now complete.
— Carol Radull (@CarolRadull) October 9, 2022
Which is your favourite team?#RadullKE pic.twitter.com/zvakEXOLgA