Роналдо за Меси и плановите за пензија

Излезе и вториот дел од интервјуто на Роналдо кој предизвика многу реакции, посебно на островот. За Меси има само пофални зборови и го нарекува магичен. 

„Меси е неверојатен, магичен, топ играч. Замислете, сцената ја делиме 16 години. Имам одличен однос со него. Не сме пријатели во смисол да се посетуваме по дома и да се слушаме по телефон, но тој ми е како соиграч. Навистина го ценам на начинот на кој секогаш зборува за мене. 

Исто и нашите жени се почитуваат, и двете се од Аргентина. Што можам да кажам за Меси, само убави работи, тој е одлично момче, направи сè за фудбалот. 

Најдобар играч кој си го гледал ако се тргнеш себе си? Веројатно да. Исто и Зидан. Сте биле некогаш на вечера? Никогаш. Би сакал? Зошто да не“.

Желбата му е да игра до 40 години.

Роналдо за Руни и Гери Невил, отворено во емисија

Критиките кон Манчестер Јунајтед

18 ноември 2022 - 08:57