Фудбал

Јуначки кам бек на Ериксен за репрезентација со гол од прекрасна акција

287 дена по за малку кобниот ден на Европскио првенство, Кристијан Ериксен заигра за Данска и веднаш даде гол. 109 настапи, 37 погодоци за националниот тим. Поубаво враќање не можеше да посака.

Фабио Капело се криеше од македонските навивачи во парфимерија

На заминување од незаборавното и најмераклиско одење во Италија, на аеродромот на Милано пред полетување го начекавме Фабио Капело. Славен стратег на Милан, Јуве, Рома и Реал Мадрид, како и селектор на Англија и Русија. Удостои група на македонски навивачи со фотографија, ама потоа му се редеа и други еден по еден, па му се смачи и се бутна во парфимерија.

Аудио честитка на Ѓоковиќ за Македонија

Со посредство на менаџерот Никола Томиќ, кој е добар пријател на тенискиот ас, да чуеме што има да каже Ноле за успехот на Македонија во Палермо.

Корејски коментатор урлаше на голот на Македонија

Од Австралија преку Америка до Азија, коментаторите кои го работеа мечот Италија - Македонија вриштеа по сензационалниот гол на Александар Трајковски. Хит број 1 е Кореецот.

Го снимивме Манчини како влегува на прес, попарен беше

Славниот италијански стратег кој само како тренер има 14 трофеи, цупкаше во место неколку секунди, а потоа се појави во прес салата по мечот со Македонија. Крв немаше во себе, а потиштен беше и првиот човек на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, кој седна до него.

Гужва пред триумфална капија, хероите пристигнаа на плоштад

По големото славје на плоштадот во центарот на Скопје, македонската верна публика вечерва повторно се собра на исто место за да ги пречека јунаците од Палермо. Капитенот им вети нова борба до крај.

Како италијанскиот моторџија ја измикса „Бисер Балкански“

Имаме ние уште материјал од Палермо, не бевме таму на бањање. Абе во секој ќош прават фешта. Тоа им е во крвта на Италијанците, плус со фудбалот атмосферата беше на уште повисок левел. Ако го гледавте видеото со моторџијата кој влета со македонската химна, а потоа на репертоарот беше и „Жаклина“, сега преминете на следниот клип на денот на одигрувањето на мечот. Немаат цена ваквите ќеифови.

Дрското голчиште на Алекс со пет коментатори

Нека седи ова величествено видео тука, запаметено и запечатено во историјата на македонскиот, ама и во италијанскиот фудбал. Трајко мајсторот на турски, шпански, арапски, англиски, ама и на македонски со коментар на колегата Бранко Илиевски кој го фативме во живо во новинарската ложа на Ренцо Барбера. Убавини.

Сите голови на Алекс Трајковски на истиот стадион од исто место во ист агол

Крилниот напаѓач на Македонија има одлична кариера. Почна во скопска Цементарница 55 па преку хрватски Интер Запрешиќ отиде во Белгија. Најубав фудбал играше за Палермо од 2015 до 2019. На 104 меча даде 16 гола од кои некои беа скроз идентични како најважниот во неговата кариера против Италија на истиот стадион.

Роналдо, Швајнштајгер има нешто да ти каже

Некогашниот светски шампион со Германија, Бастијан Швајнштајгер на својот Твитер профил упати пофални зборови за Македонија.

Херојот Трајковски: „Со последни сили го упатив тој шут, како да беше судено“

Еднаш го фрли Буфон на земја, сега го распостели Донарума колку што е долг. Жабицата на Трајковски, шут од кој нема спас, се покажа како решавачка за голема победа.

Победнички цртан филм со култно Фиќо

Легендите од JustCartoons по анимираниот филм од историската победа против Германија сега направија цртан филм и за десантот во Италија.

Фотографии за вечност

Без разлика што ќе се случи на стадионот „Драгао“ во вторник од 20:45 пред 50.000 гледачи, македонската фудбалска репрезентација направи подвиг кој треба да се изучува на спортските академии.

„Секогаш верувај во соништа и ќе ти се остварат“

Стрелецот на златниот гол за Македонија во триумфот од 0:1 во Италија, Александар Трајковски го постигна и последниот гол за стариот легендарен клуб Палермо кој згасна. На истиот стадион сега даде уште еден историски погодок.

Стручните аналитичари на ЕСПН за Македонија

Франк Лебеф, Шака Хислоп, Кеј Мареј и Габриеле Маркети анализираат афтер шокови по неверојатниот триумф на македонските фудбалери против Италија.

Шестминутно ежење од Палермо

Македонија ја направи најголемата фудбалска сензација досега во 2022. На колена ја спружи Италија која во јуни минатата година ја покори Европа. Лудило!

Ио соно Мачедоне

Наш човек на Сицилија, утрото после историска вечер. Влегува во фан шоп на фудбалскиот клуб Палермо и почнува да му го прави денот на еден Италијанец.

Што објавија светските медиуми за чудото на Македонија?

Да имаше фудбалска Рихтерова скала, потресот кој го направи Македонија среде Италија не ќе можеше да се измери. За таа сензација пишуваат сите големи медиуми.

Наполитанците објавија видео од славјето на Елмас и другарите

Елиф, Енис, Даре, Боби и Џани на излез од стадион. Славете јунаци.

Да ѕирнеме во соблекувалната на Македонија

Кој не полуди не е нормален, напиша СО ПРАВО админот на официјалната Фејсбук страна на Македонската фудбалска репрезентација.

„Ова е најтежок момент во целата моја кариера“

Човекот кој во играчка и тренерска кариера има освоено неброено трофеи, тренер кој ја освои најлудата титула во историјата на англиската Премиер лига со гол на Агуеро во последни секунди и човек кој освои неколку скудета со Интер. Македонија го остави без прави зборови.

Последните 2 минути и судискиот свиреж за делириум на Ренцо Барбера

Речиси 90 минути се браневме, што е разбирливо, бидејќи противникот се вика Италија, четирикратен светски и актуелен европски првак кој не смееше да си дозволи ваков кикс од гигантски размери. Пропушта два Мундијали во низа, а Манчини изјави дека целта е да го освојат. Судиското продолжение ни донесе неверна сцена во Палермо. Морници и тресење од возбуда. Уживајте.