Едно историско фото за величината на Пеле

Во деновите кога неговиот Бразил игра прекрасен фудбал и јуриша кон нова, рекордна, шеста светска титула, 82-годишниот Пеле се бори со сериозни здравствени маки. Во негова чест бразилските фудбалери и навивачи по големиот триумф од 4:1 над Јужна Кореја, држеа банер со неговиот лик.

А една фотографија од далечната 1970-та, година на Мундијал во Мексико покажува колку голем бил Пеле.

Познат, славен театар „Анда“ во Мексико објавил на табла:

„Денес не работиме, зошто одиме да го гледаме ПЕЛЕ“

На тој Мундијал 1970, Бразил го освои шампионскиот пехар откако во финале со 4:1 ја згроми Италија. Пеле беше меѓу стрелците, а на тој турнир постигнал 4 гола.

Пеле е и најдобриот стрелец во историјата на Бразил со 77 гола за репрезентација. Веднаш зад него е Нејмар со 76 погодоци.

Бразилскиот селектор е класа: го стави резервниот голман во 80-та минута од почит

Бразил е страшен - фудбалска самба за четвртфинале

Емоции, солзи и возбуда до небо за деби голот на бато Винисиус на Светско

6 декември 2022 - 10:24