Откако Бразилците очекувано ја совладаа Србија со 2:0 и Швајцарија со 1:0, во 3. коло од групната фаза играа против Камерун и лидерската позиција им беше практично обезбедена.
Од таа причина селекторот Тите на тој дуел со Камерунците кои го загубија 0:1, реши да ги стави сите условно кажано резервни играчи. Првотимците одмораа а во први 11 беа речиси сите од клупата, меѓу кои и вториот голман Едерсон од Манчестер Сити.
Во таква ситуација во групата одиграа практично сите повикани фудбалери освен третиот резервен голман, Вевертон. Овој 34-годишен голман кој целата своја кариера ја минал во татковината а сега е член на Палмеираш, јасно дека веќе немаше да добие шанса на некој друг Мундијал.
Затоа Тите реши во самиот финиш од мечот кој Бразил го реши убедливо 4:1 да го внесе во игра и Вевертон. Влезе наместо првиот голман Алисон од Ливерпул.
Вевертон претходно имал осум настапи за „кариоките“, но првпат заигра на Светско првенство. Тите го стави во игра и 39-годишниот Дани Алвеш така што сите 26 играчи дојдени во Катар истрчаа на терен во еден момент.
Прекрасен гест кој го има само во репрезентации кои негуваат култ на традиција и меѓусебно уважување.